Volkswagen најавува големи промени

Една од најголемите автомобилски компании во светот, на која во последно време не ѝ оди според планот, најави големи промени, по кои клиентите ќе можат да сметаат на генерално подобри и визуелно поатрактивни автомобили.

Соочени со затворање на одредени производствени погони и отпуштања во Volkswagen, сфатија дека е време да го сменат досегашниот курс, бидејќи резултатите од продажбата на глобално ниво јасно сигнализираат дека работите одат во несакана насока. Според упатените, во тоа помогнале претерано високите цени на електричните модели, кои принудиле многу потенцијални купувачи да го бараат својот автомобил кај други производители.

Во последната изјава за британските медиуми, првиот човек на одделот за развој на Volkswagen, Каи Гриниц, најави големи промени кои ќе започнат од следната генерација на електрични модели ID.3 и ID.4, кои однадвор ќе изгледаат многу попривлечно, со патнички простор кој ќе биде обложен со значително поквалитетни материјали.

Најавено е и враќање на класичните прекинувачи за контролирање на неколку функции, кои ќе ги заменат досегашните и прилично непрактични решенија за управување преку подменија, кои според многумина се преголеми дисплеи.

Осврнувајќи се конкретно на моделите ID.3 и ID.4, Гриниц нагласи дека новите генерации кои треба да пристигнат на сцената во 2026 година ќе донесат со себе многу подобри батерии и севкупни перформанси. Претходно беше потврдено дека деветтата генерација на Golf (кој би можело да го замени ID.3) ќе се движи само на електрична енергија, а сегашната осма генерација ќе се нуди само со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.

Тагови
реклама

Авто новости

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Read more

Кинеските производители ќе увезуваат повеќе хибридни автомобили во ЕУ за да избегнат царини

Read more

Како звучи Alfa Romeo 33 Stradale при забрзување до 333 км/час?

Read more

Возачи, што не смеете да правите во услови на магла?

Read more
 

Автомобили

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Читај повеќе

Кинеските производители ќе увезуваат повеќе хибридни автомобили во ЕУ за да избегнат царини

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како звучи Alfa Romeo 33 Stradale при забрзување до 333 км/час?

Читај повеќе

Возачи, што не смеете да правите во услови на магла?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов Mercedes: Папамобилот отсега ќе вози „на струја“

Читај повеќе

Скриени „цицачи“ на горивото во вашиот автомобил

Читај повеќе

Шоферски кошмар: Што е „црн мраз“?

Читај повеќе
  • filter

Новата Ford Puma вози „на струја“

Читај повеќе

Дали возачите на поголеми автомобили треба да плаќаат поскап паркинг?

Читај повеќе