Volkswagen откри до кога планира да продава Golf на бензин и дизел

Volkswagen официјално потврди дека деветтата генерација на Golf GTI ќе биде електричен, но што значи тоа за „обичните“ верзии на најпопуларниот модел на VW?

Во изјава за Top Gear Netherlands, Каи Гриниц, шеф за технички развој на VW, рече дека сегашниот Golf 8.5 би можело да остане на пазарот до 2035 година, што значи дека би можело да опстане во следните 11 години. Гриниц додава дека не е важно што Golf-от дотогаш ќе биде стар.

За потсетување, Volkswagen го лансираше Golf 8 во 2019 година, а неодамна доби редизајн. Иако на прв поглед не изгледа застарено, но платформата на Model 8 е многу поврзана со Model 7 кој беше објавен во 2012 година.

Ако сегашниот Golf опстои до 2035 година, неговата платформа дотогаш ќе биде стара 23 години.

Кога ќе згасне Golf на дизел и бензин?

Гриниц забележува дека 2035 година е година кога стапува на сила забраната за продажба на мотори со внатрешно согорување во цела Европската Унија. Но, постои исклучок. Имено, возилата со вакви мотори можат да останат во продажба и по забраните, но само доколку работат на синтетички горива.

Иако Гриниц го нарече сегашниот Golf „MQB совршенство“, тврдејќи дека нема причина дополнително да се подобрува, до 2035 година би можеле да очекуваме уште едно освежено издание со бензински и дизел мотори.

Да додадеме и дека како што неодамна напишавме дека новиот Golf 9 беше закажан за 2027 година, во целосно електрично издание под името ID.Golf, но моделот беше одложен за 2029 година.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Авто новости

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Read more

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Read more

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Read more

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Читај повеќе

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Читај повеќе

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Читај повеќе

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Читај повеќе
  • filter

По која цена се продава Lada Niva Sport во Русија?

Читај повеќе
  • filter

Избран најдобриот светски автомобил за 2025 година

Читај повеќе
  • filter

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници!

Читај повеќе
  • filter

Mercedes гаси уште два модела

Читај повеќе
  • filter

Новиот SUV на Genesis потсетува на концептот Steppenwolf на Audi од пред 25 години

Читај повеќе