Единствениот кабриолет во понудата на Volkswagen ќе се произведува во фабриката во Оснабрук, а испораките ќе започнат на пролет.
Опремен е со мек кров кој со притискање на тастерот се крева и спушта за само девет секунди.
Моделот на Volkswagen T-Roc Cabriolet се произведува во истата фабрика во која се произведува моделот на Porsche Cayman.
Т-Roc пристигнува две години по претставувањето на истоимениот кросовер модел, а љубителите на VW го добиваат во комбинација со два пакети опрема Style и P line, како и две опции за мотор.
Помалиот три цилиндричен турбо бензин располага со 115 коњски сили и 1,5-литарски четири цилиндричен мотор со 150 коњски сили.
Покрај стандардниот рачен шест степен менувач на купувачите ќе им понудат и 7-степен менувач со две квачила.
Првите примероци ќе бидат испорачани на почетокот на пролетта, а цената сè уште не е позната.