„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Националната опера и балет традиционално во мај го организира меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот нема да се одржи, но во негово одбележување, Националната опера и балет ќе одржи серијал на концерти насловени „Мајски концерти“.

– Настаните ќе се емитуваат онлајн на YouTube каналот на Националната опера и балет, а дел од нив и на Телевизија 24, како и со надеж дел од настаните да се одржат со присуство на публика, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, информира Националната опера и балет.

Прв во серијалот од „Мајските концерти“ Националната опера и балет го најавува гала оперскиот концерт „Волшебниот Моцарт“ кој ќе биде емитуван на 9 мај со почеток во 20:00 часот, на официјалниот YouTube канал.

Концертот се емитува по повод 230 години од смртта на музичкиот великан Волфганг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните композитори во историјата на класичната музиката. Неговиот опус е грандиозен и безвремен, со огромно влијание врз музичкото творештво на многумина знаменити композитори по него во минатото и денес.

На гала оперскиот концерт ќе бидат изведени арии од делата „Дон Џовани“, „Волшебната флејта“ и „Свадбата на Фигаро“ и „Грабнување од сарајот“.

Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Настапуваат солистите Наде Талевска Спасовска како сопран и Владимир Саздовски, бас во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Трајко Јордановски, концерт мајстор Климент Тодороски.

Следни настани се два оперски рецитала на 17 и 20 мај, на 23 мај ќе се одржи хорски концерт, на 27 мај ќе се емитува „Романтична балетска вечер“, премиерата на „Игри на животот“ е закажана за 28 мај и на 31мај ќе се прикаже Аида на платото „Мајка Тереза“, пред Националната опера и балет.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе