Модерните автомобили праќаат звучни сигнали за речиси сè што се случува на патот. Ќе ве предупреди ако ја поминете лентата без да го вклучите трепкачот, ако некој е во вашата слепа точка, ако ставите нешто на задното седиште, ако го заборавите телефонот, ако ви се спуштени прозорците или има нешто зад вас, ако не гледате на патот, ако се смени ограничувањето на брзината, ако возите побрзо од дозволеното...
Но, Volvo, кој долго време е иноватор во технологијата на звучни сигнали, смета дека не завршува тука и има ново звучно известување. Volvo EX90 ќе звучи ако непрекинато гледате на патот пред вас, пишува HAK Revija.
Како и многу од овие звучни сигнали, тој е всушност доста паметен, бидејќи новиот EX90 ја содржи најновата генерација на безбедносна технологија која вклучува следење на возачот.
„Направивме многу истражувања. Значи, ако имате околу 80% од вашиот фокус на патот, тоа е нормално“, изјави Елза Еугенсон, виш менаџер на Volvo за напредни системи за помош на возачот (ADAS), за InsideEV.
Ако сте под 60%, тогаш веројатно сте расеан и трошите премалку време гледајќи во патот. Ако сте повеќе од 90% фокусирани на патот, тогаш веќе зјапате, што може да значи дека сте когнитивно расеан. Можеби размислувате за нешто друго, нешто што се случува во вашиот живот.
Тоа веќе има смисла. На повеќето луѓе малку им талкаат очите додека возат. Кога гледате право напред без да ги движите очите, тоа обично не е знак дека сте фокусирани на сообраќајот. Еугенсон вели дека кога автомобилот ќе открие дека сте фокусирани на патот помалку од 60% или повеќе од 90% од времето, ќе активира предупредување. Првиот звук ќе биде мек, а автомобилот ќе го засили ако не реагирате.