Volvo по четврт век го враќа задниот погон

Volvo го подготви задниот погон за освежените модели со електричен погон XC40 Recharge и C40 Recharge.

Во шведската автомобилска компанија Volvo решија по 25 години пауза повторно да имаат модели со заден погон, а честа да бидат први повратници им припадна на пристојно освежените модели XC40 Recharge и C40 Recharge, каде што зборот recharge сугерира дека ги покренуваат само електрични мотори.

Покрај двата модела RWD (Rear Wheel Drive), Volvo подготви две опции за возење. Основната верзија се напојува од еден електромотор кој развива 238 коњски сили и се напојува од батерии со капацитет од 69 kWh, а со едниот електромотор тука е и помоќната верзија со 252 КС и поголем капацитет на батерија (82 kWh).

Според WLTP стандардите, послабата верзија со едно полнење на батеријата може да помине до 460 километри или 470 километри во опцијата за каросерија C40, а помоќната до 520 километри (530 километри во верзијата C40). Забрзувањето од 0 до 100 км/ч и максималната брзина во двата случаја се исти: 7,4 секунди и 160 км/ч.

Од Volvo велат дека потребни се 34 минути за полнење на батерии со помал капацитет (од 10% до 80%) на јавни полначи (130 kW), а батериите со поголем капацитет (82 kWh) сега може да се полнат на полначи до 200 kW. Во овој случај, полнењето од 10% до 80% трае 28 минути.

XC40 Recharge и C40 Recharge во комбинација со два електромотора и погон преку двете осовини (AWD - All Wheel Drive) со себе носат 82-kWh батерија која со едно полнење обезбедува минување до 500/510 километри (XC40/C40). Повеќе од 400 КС и 660 Nm вртежен момент е доволен за XC40 од 0 до 100 км/ч да стигне за 4,9 секунди. C40 е побрз за 0,2 секунди, а најголемата брзина во двата случаја е 180 км/ч.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе