Вонреден самит на ЕУ за Белорусија

Лидерите на земјите-членки на Европска Унија денеска ќе одржат вонреден онлајн самит поради политичката криза во Белорусија по претседателските избори.

Протестите во Белорусија почнаа откако Алјаксандр Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата обвинува за изборен фалсификат, а противкандидатката Светлана Тихановскаја пребега во Литванија. Во протестите загинаа најмалку две лица, повредени се стотици, а приведени се над 6.700 демонстранти.

ЕУ веќе го почна процесот на воведување санкции за белоруските претставници, кои ги смета за одговорни за изборната измама и за насилството врз демонстрантите.

ЕУ сака да помогне во дијалогот помеѓу опозицијата и власта во Белорусија и да ја придобие Русија на своја страна.

Неименувани европски дипломати истакнаа дека протестите во Белорусија не можат да се споредат со демонстрациите во Украина, додека голем број аналитичари истакнуваат дека Москва ќе поддржи мирна промена на власта во Минск.

Според нив белоруската опозиција и демонстрантите не се антируски настроени, ниту посебно бараат или очекуваат директна помош од Западот, посебно од САД, како во времето на „Мајдан револуцијата“ во 2014 година во Украина.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на самитот ќе разговараат и за пружање на поддршка на Белорусија.

Литванија претходно предложи ЕУ да основа фонд за помош на жртвите од протестите, истакнувајќи оти 50 милиони евра, што се наменети за Белорусија да бидат пренаменети од државните институции на развој на цивилното општество.

Додека Полска најави почетни 13 милиони евра за стипендии за студентите од Белорусија и финансирање на независни медиуми, а исто така вети и олеснување на пристапот до пазарот на труд за Белорусите.

Лукашенко на 15 август изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ветил сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белорусија.

Повеќе европски лидери вчера имаа телефонски разговори со Путин, кој тврди дека е неприфатливо мешање во внатрешните работи на Белорусија.

Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел вчера објави на Twitter дека телефонски разговарал со Путин за ситуацијата во Белорусија.

– Само што разговарав со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија. Единствено мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија, напиша Мишел на Twitter.

Путин претходно имаше телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Рускиот претседател вчера разговараше и со Лукашенко, што е трет телефонски разговор Путин - Лукашенко за девет дена односно по претседателските избори во Белорусија.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе