Вонредна состојба во Калифорнија: Ваква суша немало 100 години

Калифорнија прогласи вонредна состојба поради голема суша откако оваа година беше регистрирана како најсушна во изминатите сто.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба поради суша низ целата сојузна држава, откако претходно ја прогласи за осум окрузи.

„Бидејќи западниот дел на САД се соочува со потенцијална трета сушна година, клучно е граѓаните на Калифорнија да ги удвојат нашите напори да заштедиме вода на сите можни начини“, рече гувернерот во изјавата.

Претходно прогласената вонредна состојба сега е проширена на окрузите Империјал, Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Сан Франциско и Вентура, се вели во соопштението на Канцеларијата на гувернерот.

Канцеларијата на гувернерот: Оваа суша е најголема од 1800-тите

Прогласување вонредна состојба поради суша во целата држава ќе му овозможи на гувернерот да помогне во финансирањето на реакциите на суша и снабдувањето со вода.

Калифорнија имаше исклучително тешка година, беше погодена од високи температури, а количината на врнежи беше многу мала. Овие фактори, во комбинација со тековната криза за климатските промени, придонесуваат за разорната сезона на пожари, која не престанува со месеци.

Оваа суша е најголема од 1800-тите, земајќи го предвид недостатокот на врнежи и високите температури, додаде Кабинетот на гувернерот.

Езерата Пауел и Мид на рекордно најниско ниво

Годината сметана од 1 октомври 2020 година до 30 септември 2021, беше втората најсушна во Калифорнија. Полошо било само во 1924 година, според извештајот на државниот оддел за водни ресурси.

„Басенот на реката Колорадо, важен извор за снабдување со вода за Јужна Калифорнија, продолжи да се суши во 2021, а нивото на водата во езерата Мид и Пауел достигна нови рекордно најниски нивоа“, се вели во извештајот.

Езерата Пауел и Мид, најголемите резервоари за вода во таа држава, годинава се испразнија со алармантна стапка.

Овие две езера се клучни за хранење на сливот на реката Колорадо, бидејќи обезбедуваат вода за пиење и наводнување за многу делови од регионот, вклучително и рурални имоти, ранчови и домородни заедници.

Кон крајот на јули, езерото Пауел падна на приближно 33 проценти од капацитетот, се вели во извештајот на Канцеларијата за мелиорација. Последниот пат беше најнизок во 2005 година.

Огромната суша е најплодната почва за пожари, а повеќе од осум илјади интервенции за гаснење пожар се забележани во Калифорнија оваа година. Според податоците на пожарникарите во Калифорнија, досега се изгорени повеќе од два милиони хектари.

Во моментов пожарникарите се борат со дури осум големи пожари.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе