Воздухот во Европа е значително подобрен, но сепак предизвикува многу смртни случаи

Во текот на последната деценија, подобриот квалитет на воздухот доведе до значително намалување на предвремените смртни случаи во Европа, но сепак последните официјални податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) покажуваат дека речиси сите Европејци сè уште страдаат од загадување на воздухот, што доведува до околу 400.000 случаи на предвремена смрт низ целиот континент.

Извештајот на ЕЕА „Квалитет на воздухот во Европа – извештај за 2020 година“ покажува дека во 2018 година шест земји-членки ја надминале дозволената вредност на Европската Унија за ситни честички (ПМ2,5): Бугарија, Хрватска, Чешка, Италија, Полска и Романија.

Само четири европски земји (Естонија, Финска, Исланд и Ирска) имаа концентрации на ситни честички што беа под построгите цели на Светската здравствена организација (СЗО). Извештајот на ЕЕА регистрира дека сè уште постои несовпаѓање помеѓу законските ограничувања на ЕУ за квалитетот на воздухот и упатствата на СЗО, прашање што Европската комисија се обидува да го реши преку ревидирање на стандардите на ЕУ во рамките на Акцискиот план за нулта загадување.

Новата анализа на ЕЕА се заснова на најновите официјални податоци за квалитетот на воздухот од повеќе од 4.000 станици за мониторинг низ цела Европа во 2018 година.

ЕЕА проценува дека изложеноста на ситни честички прашина предизвикала околу 417.000 предвремени смртни случаи во 41 европски земји во 2018 година. Околу 379.000 од овие смртни случаи се случиле во ЕУ-28, а 54.000 и 19.000 предвремени смртни случаи биле предизвикани од азот диоксид (NO2) и тропосферски озон (O3).

Благодарение на подобриот квалитет на воздухот, бројот на предвремени смртни случаи како резултат на загадување со ситни честички е намален за околу 60.000 луѓе во 2018 година во споредба со 2009 година. Што се однесува до азотниот диоксид, намалувањето е уште поголемо, бидејќи бројот на предвремени смртни случаи е намален за околу 54 проценти во последната деценија. Континуираната имплементација на еколошките и климатските политики низ цела Европа е клучен фактор за подобрувањето, истакнува агенцијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе