Generation X Roadshow

Возевме: Офроуд авантура со моќниот BMW X6M и атрактивниот X4

Првата помисла на BMW X моделите е дека тие се одлични луксузни SUV возила кои веројатно не би биле на свој терен во офроуд услови на возење. Авантурата BMW - Generation X Roadshow на која што вчера учествувавме ни даде можност да се увериме самите колку таа констатација не е точна.

Оваа турнеја која патува низ југоисточна Европа им овозможува на новинарите да тестираат некои од десетината X модели на BMW и да ги искусат нивните перформанси до максималните граници.

Иако на шоуто имаше десетина возила поделени во две групи - стандардни модели и спортски модели, за нас изборот беше јасен - првото возило што сакаме да го пробаме е моќниот BMW X6 со магичната M буква како дел од името.

BMW X6M

Чувството да седиш во најсилниот модел, да ги имаш под контрола 567-те коњски сили и да го слушаш ’ржењето на моќниот 4,4 литарски V8 мотор кој го лансира возилото на секое допирање на гасот, е искуство што уште долго време ќе остане силно врежано во меморијата.

На пат кон Маврово имавме можност да стиснеме малку повеќе на гасот, да ја активираме M опцијата и да го почувствуваме забрзувањето кое од 0 до 100 километри на часот го лансира големиот автомобил за само 3,7 секунди. Додека го држите управувачот, BMW X6M влева чувство дека можете да го престигнете било кој автомобил на автопатот, и за само неколку секунди да го оставите како далечна точка во ретровизорот. За среќа, правилата на организаторот беа дека мора да се придржуваме до групата и да ја одржуваме брзината.

Она што ни остави многу позитивен впечаток е стабилноста на X6M во свиоците, која повеќе потсетуваше на спортски автомобил, отколку на голем SUV модел.

По стотината километри поминати во BMW X6M, уживањето во неверојатниот звук што го произведува и во забрзувањето кое лепи за седиштето, мораше да се замениме и да го отстапиме на колегите од другите медиуми.

BMW X4

Следниот предизвик беше помалиот брат - атрактивниот X4 35i кој иако ја нема силата од повеќе од 560 коњи и звукот што разорува, сепак е многу интересен за возење и има доволно сила за да пружи атрактивно возење.

Откако пристигнавме во Маврово организаторите ни приредија интересно изненадување во формата на неочекувана офроуд авантура. На патот кон селото Галичник, ние го оставивме асфалтниот пат и тргнавме во насока кон бачилата и ски терените на центарот Заре Лазаревски.

Кој би рекол дека овие луксузни SUV модели се толку вешти при теренско возење и тоа на дождлив и влажен терен? Кој би рекол дека некогаш ќе поминеме со BMW X4 по терените на кои вообичаено скијаме во текот на зимските месеци?

Во овој дел ја тестиравме опцијата Hill Descent Control која овозможува полесно справување со надолнините дури и на влажната и каллива подлога под жичарницата во Маврово.

За среќа, по паузата во едно од бачилата имавме прилика да уживаме во малку сончев период, да возиме по уште попредизвикувачки офроуд дел и да направиме убави фотографии од сите BMW X возила со поглед кон Мавровското езеро.

Откако завршивме со авантурата и пристигнавме во Скопје, нè пречека моќниот купе автомобил BMW M2 кој беше претставен пред македонските новинари.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Возевме

Врвна возачка авантура: Кајгана на Porsche Road Tour 2023

Read more
Кајгана авантура со најмоќните возила на Porsche

Кајгана авантура со најмоќните возила на Porsche

Read more
Porsche Road Tour: Погледнете како поминавме на авантурата со моќните спортски возила

Porsche Road Tour: Погледнете како поминавме на авантурата со моќните спортски возила

Read more
bmw-avannt.jpg

Возевме: Офроуд авантура со моќниот BMW X6M и атрактивниот X4

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе