Вработените на ТигоФајнанс донираа училишни материјали за полесен почеток на учебната година за децата од ранливи категории

Почетокот на учебната година е синоним за детска возбуда и радост за новите почетоци. Позитивната енергија е насекаде, детскиот џагор ги обзема улиците, училишното ѕвонче означува нови почетоци. Сепак, има дечиња и семејства кои ја немаат можноста во целост да уживаат во новите почетоци, бидејќи се соочуваат со основни егзистенцијални потешкотии.

Со цел да им помогнат на семејствата од социјално ранливите категории во полесно надминување на овие предизвици, вработените во компанијата ТигоФајнанс покренаа иницијатива за донација на училишни материјали и прибор и се приклучија кон хуманитарната мисија на здружението „Љубезност“, со надеж дека нивните донации ќе им помогнат на децата подеднакво да уживаат во своето ново образовно поглавје.

„Ќе ни биде особено драго доколку со оваа наша скромна заложба, успееме да предизвикаме насмевка кај дечињата и ги охрабриме смело да зачекорат во новите патувања. Колегите во Тиго од целата држава инстантно ја поддржаа идејата и несебично се приклучија во иницијативата, која е навистина благодарна. Активностите во оваа насока продолжуваат и во иднина, затоа што нашиот индивидуален и колективен придонес е обврска кон заедницата во која делуваме и живееме“, изјави Гордана Јовановска од одделот за односи со јавност во ТигоФајнанс.

Донацијата беше реализирана во партнерство со здружението на граѓани „Љубезност“, кое активно и посветено работи на обезбедување на поддршка за лица од социјално загрозени категории.

„Како здружение кое секојдневно е во контакт и работи со граѓани на кои им е потребна дополнителна поддршка во надминување на секојдневните животни предизвици, ваквите активности од граѓани и компании се од особено значење, бидејќи на нашите корисници, тие некогаш им значат сѐ. Затоа, од името на целиот тим на „Љубезност“, им благодариме на вработените на ТигоФајнанс кои самоиницијативно се вклучија во нашата акција и придонесоа овие деца подеднакво да уживаат во учебната година“, изјави Тони Станковски, Претседател на здружението на граѓани „Љубезност“.

Собраните донации од вработените на Тиго ќе бидат предадени до семејствата во округот на делување на здружението „Љубезност“.

Повеќе информации за ТигоФајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

*Промотивен текст.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Живот

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Read more

Кој ќе ги наследи милионите на модната легенда Роберто Кавали?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе