Вработените во ЦСР Прилеп заплашени со бркање од работа ако ѝ дадат поддршка на колешката која беше застрелана

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска сам излезе пред Центарот за социјална работа – Скопје за да побара обезбедување на безбедноста на вработените во социјалните центри откога во Прилеп, колешка, на работното место, беше погодена со два куршума. Деаноски обвини дека по наредба на Министерството за социјална политика директорите и раководителите на скопските центри ги заплашиле вработените.

„Денеска беше замислено заедно со мене да има голем број вработени во Центарот за социјални работи, кои само сакаа да ѝ дадат поддршка на својата колешка и да побараат од работодавците побргу да има мерки за заштита на работното место на вработените. За жал, од вчеравечер, по наредба од Министерството за социјална политика и раководителите и директорите од скопските центри за социјална работа, останав без колегите бидејќи сите се заплашени. Им се закануваат дека ако излезат надвор и ѝ дадат поддршка на колешката и побараат какво било друго право, ќе бидат избркани од работа или ќе бидат распоредувани на други места“, рече Деаноски.

Бидејќи избрале да комуницираат со Синдикатот на УПОЗ преку медиумите, Деаноски ги охрабри и им порача дека за правата на работниците не треба да се молчи, туку треба да се борат и оти никој не може да ги избрка од работа ако сакаат да ѝ дадат поддршка на колешката.

Деаноски рече дека барањата на вработените во центрите за социјална работа се стари, од 2023 година, кога почнаа да се организираат во Синдикатот на УПОЗ, а се однесуваат на мерки за поголема безбедност на работните места.

„Треба да се знае дека центрите за социјална работа се специфична група на вработени. Секогаш работат со најмаргинализираната група на граѓани во нашето општество и секогаш се изложени на голем ризик во работата. Напаѓани се вербално, напаѓани се физички, а она што се случи пред некој ден во Прилеп беше кулминација на сите напади досега. Верувам дека и работодавците не сакаат тоа да се случи“, вели Деаноски.

По денешната осуда на нападот на вработената во Прилеп и најавите дека ќе преземат мерки за зголемување на безбедноста на работните места во центрите за социјална работа од Министерството за социјална политика, Деаноски изрази надеж дека мерките нема да се задоцнети. Тој потсети дека вработените во центрите работат во никакви услови, не добиваат надоместок за дежурство, не добиваат надоместок за приправност, влегуваат сами без полиција во случаи во кои има убиства, без никаква заштита, а за тоа немаат ниту бенефициран стаж. Овие проблеми Деаноски побара итно да бидат решени за да се избегнат исти или слични ситуации.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Read more

Како да исчистите бели патики без перење во машина? 

Read more

Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more

Дел од Чаир денеска без струја

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Ѓорѓиевски со хуманитарна акција за бездомните и социјално загрозени лица

Read more
 

Вести

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Читај повеќе

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Читај повеќе

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Читај повеќе

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Читај повеќе

Трамп го вади Џеј Ди Венс „од нафталин“: Го праќа на преговори во Пакистан

Читај повеќе