Вработените во Комунална хигиена се враќаат на работа

Од вечерва се враќаат на работа вработените во „Комунална хигиена“ во Скопје.

Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“ одржа состанок и донесе одлука револтот на вработените да продолжи да го манифестира и да искористи други законски права што ги имаат со цел граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатието во однос на решавање на проблемите на вработените во „Комунална“.

Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вработени денеска ќе почнат со своите работни активности со оглед дека претстојат денови на екстремна жештина и веќе работниците од втората смена ќе почнат со работа, со собирање на сметот.

„Во текот на денот синдикалната организација ќе одржи уште еден состанок за дефинирање на понатамошните чекори во однос на проблемите што ги имаат вработените во 'Комунална'“, посочија од синдикатот.

Remote video URL

Не може да се среди за пет часа нешто што не се средило три дена поради заложништвото на мафијашки структури, порача градоначалничката Данела Арсовска по забелешките дека градот и натаму се задушува во ѓубре. Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, посочи дека нема да остане општина во која контејнерите ќе останат полни. Двете се согласни дека постапуваат и работат за да се сервисираат сите потреби на граѓаните.

„Нашето претпријатие три дена беше под целосна блокада. Територијата на град Скопје беше во заложништво. Од вчера, по 12-1 часот, екипите се на терен. Екипирани се сите работници. Нема да постои ниту една општина во која нема да се исчисти сметот. Ќе работиме 24 часа, сè почна со градските улици – само да ги сервисираме потребите на граѓаните“, рече Мазнева.

Арсовска одново го впери прстот во мафијашките структури, кои на прес-конференцијата не ги посочи со име и презиме, но ги пишала во кривичната до Обвинителството.

„За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена. Се работи, ќе се исчисти“, рече Арсовска за полните контејнери.

Директорката Мазнева посочи дека таа не работи контра вработените, туку во нивна корист.

„Јавното претпријатие е во целосна кондиција. Во нивни настапи пред медиумите одредени личности клеветат и даваат лажни изјави. Во Јавното претпријатие 'Комунална хигиена' од 2007 година ниту еден вработен нема добиено регрес на плата. Сега е исплатен. Личните заштитни средства, ракавици и костими, иако е законска обврска да се дадат од претпријатието, тие не биле дадени. Ќе ви дадам документи дека оваа година се поделени личните заштитни средства“, додаде Мазнева.

Remote video URL
реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Трамп одобри да се купува руска нафта

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Македонија

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Read more

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Read more

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Read more
 

Вести

Трамп одобри да се купува руска нафта

Читај повеќе

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Летаа молотови коктели на протестите во Тирана: Солзавец и водни топови за демонстрантите 

Читај повеќе

Руте: САД нема да излезат од НАТО

Читај повеќе

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Читај повеќе

Санчес ги собра левичарските светски лидери против десницата и војната

Читај повеќе

Дали Иран ќе ја врати строгата контрола врз Ормутскиот Теснец поради блокадата на САД?

Читај повеќе

Бугарите утре гласаат на осмите парламентарни избори во пет години

Читај повеќе

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе