Вработените во Министерство за култура побараа поголеми плати со протест пред Влада

Средба со надлежните од Министерството за финансии и денеска побараа вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, на третиот ден од протестот што го одржаа пред Владата. Тие уште еднаш го искажаа незадоволството од своите месечни примања.

Од протестот беше испратен апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.

протест министерство за култураПротест на вработени од министерство за култура

- Три дена молк, во кои ги добивме и најновите информации од Собранието, кои говорат дека на вработените во оваа институција, со измени и дополнувања на Законот за Собранието на Северна Македонија, од 23 март оваа година, објавен во Службен весник на РСМ бр 65/2023 година, им се зголемува платата, односно се зголемуваат бодовите по звања и вредноста на самиот бод кој се врзува со минималната плата. Очигледно е дека постои нерамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Едни се во привилегирана состојба, а останатите треба да молчат и да се помират со фактот дека своите работни обврски и задолженија треба квалитетно и навремено да ги извршуваат за плата од 25 илјади денари, изјави денеска претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, напоменувајќи дека нема да се откажат од протестот се до исполнувањето на барањата.

На денешниот протест учестуваа и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а како што најави Костовски, наскоро очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.

- Ако во финансии велат дека потпишувањето на Колективен договор со нашите институции не е во корелација со процеост на фискална консолидација за наредниот срендорочен период, како се оправдува зголемувањето на платите на вработените во ова Министерство? Бараме од Владата и од премиерот да не дозволат ваква поделба на дел од вработените во јавниот сектор. Го бараме само она што ни следува, достоинствена плата за работата и одговорностите што ги имаме. Ова наше незадоволство кое секој ден се изразува преку присуството на вработените, јасно говори дека ние самите сме ги надминале сите предрасуди и поделби и дека сме обединети во нашите заложби за зголемување на платите во секторот култура, додаде Костовски.

Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуновски на протестот укажа дека со укинувањето на членот 4 од Законот за плати и други надоместоци за избраните и именуваните лица, платите на функционерите ќе се зголемат согласно коефициентот на сложеност на работното место, кој ќе се множи со просечната плата исплатена на државно ниво.

Со оваа измена, како што рече, платите на функционерите ќе се зголемат и двојно, а административните службеници треба да бидат задоволни со усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуновски Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуновски Фото/МИА

- Надлежните не најдоа за сходно оваа група на вработени да ги удостојат со прием и да ги слушнат нивните барања. Затоа, сакам да го прашам министерот за финансии Фатмир Бесими, дали оваа група на вработени работи помалку сложени работи од вработените во Министерството за финансии? Министерот за финансии се јавува како главен кочничар,  кој не ги одобрува колективните договори, односно не дозволува за одредена група на вработени да се покачат платите како што се покачени во ова Министерство, рече Трипуновски.

Ковачевски: Секој секогаш има право да побара поголема плата

Вработените во Министерството за култура имаат Колективен договор, кој според она што го имам видено е еден од подобрите за работниците ако ги погледнете нивото на бенефиции во делот на плати кои ги дава. Сепак, вработените може да разговараат со надлежните во Министерството и во однос на остварување на своите права и секогаш секој има право да побара поголема плата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

- На вработени во одредени сектори секогаш правото на протест им било на располагање, ние сме демократска земја. Направивме зголемување на минималната плата, која согласно со новата методологија е зголемена за 2.175 денари и важи за сите вработени во државата, што значи дека нема да има никој плата под ова. Линеарно зголемување за 2.175 денари ќе има и за околу 27.000 работници кои имаат колективни договори што се усогласени со Законот за минимална плата, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на маркет во Скопје заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Премиерот порача дека помина времето од пред шест години кога дел од работниците кои работеа во кожарската и текстилната индустрија примаа и помала плата од 8.000 денари, што беше минимална плата во тоа време.

- Министерството за труд и социјална политика веќе одржа два состанока на Економско социјалниот совет на кој се разговара на нов општ колективен договор. Се работи и на Закон за плати, со кој ќе се уредат платите од највисоката до најниската во државата, бидејќи во моментов имаме неконзистентност на плати и има регулаторни тела, институции каде плата за работник кој не обавува управувачка функција или функција која во хиерархијата има големи нивоа на раководења, има поголема плата и од претседателот на држава и претседателот на Уставен суд  и од многу други кои извршуваат поодговорни функции, посочи Ковачевски.

Тој ги повика синдикатите да учествуваат во креирањето на овој закон со цел, како што кажа, да има системско решение по примерот на држави кои тоа го имаат уредено, но и во земји во регионот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе