Враќањето на Ево Моралес, низ фотографии
Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес во понеделникот беше пречекан како крал од неговите симпатизери, откако ја премина границата со Аргентина. каде живееше во политички егзил во изминатата година.
„Додека постојат капитализмот и империјализмот, борбата продолжува“, изјави 61-годишниот Моралес пред враќањето.
Тој беше пречекан со сите почести во неговиот роден град Оринока.