ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ИТАЛИЈА 1990

Времеплов: 30 години од најдосадното мундијалско финале

Филип Здравески
/ 08.07.2020 / 15:57

На денешен ден во 1990 година Германците им се одмаздија на Аргентинците за поразот од финалето на Мундијалот во Мексико 1986 победувајќи со минимални 1:0 и тоа со гол од белата точка.

Марадона помеѓу Бухвалд и Матеус

Западна Германија до финалето стигна откако во својата група заврши прва победувајќи ја Југославија со 4:1, ОАЕ со 5:1 и ремизирајќи 1:1 со Колумбија. Во нокаут-фазата прво го исфрли европскиот шампион Холандија со 2:1, потоа Чехословачка со 1:0, а откако по 120 минути игра беше 1:1 против Англија, Германците за финале се изборија со 4:3 на пенали.

Аргентинците далеку потешко догураа до Рим. Групата едвај ја поминаа откако прво беа шокирани од Камерун со 0:1, го победија СССР со 2:0 и одиграа 1:1 со Романија. Во нокаутот славеа над Бразил 1:0, а потоа во два наврата пеналите ги вадеа: 3:2 над Југославија и 4:3 над домаќинот Италија во полуфиналето.

Таа римска вечер на „Олимпико“ присуствуваа 73.603 гледачи, а за првпат едно финале го судеше Мексиканец и тоа Едгардо Кодесал.

Финалето на тој Мундијал од 1990 година во Италија, за многумина е најгрдото и најциничното финале во историјата. Мрежите мируваа, а немаше ни многу возбудувања. Во 65. минута Педро Монсон влезе во историјата како првиот играч кој добил црвен картон во финале откако грубо стартуваше над Клинсман.

Во 84. минута се случи најконтроверзниот момент кога Кодесал со пенал го казни лизгачкиот старт во шестнаесетникот на Сенсини на Фелер. Стандарден егзекутор од белата точка кај Германците беше Матеус, но во текот на натпреварот мораше да ги промени копачките и поради тоа одби да го изведе, наведувајќи дека не им верува на новите. Одговорноста ја презема Бреме, а на спротивната страна го имаше Гојкочеа, голманот кој се прослави на Мундијалот токму по успешно одбранетите пенали. Аргентинскиот голман ја погоди страната, но ударот на Бреме беше силен и прецизен и заврши во мрежата.

Бреме по реализираниот пенал

Нервозните Јужноамериканци беа немоќни да дојдат до израмнување, а немоќноста најдобро ја покажа нервозата на Десоти кога во 87. минута со боречки зафат проба да му ја земе топката на Колер, кој пак задржуваше време, а судијата му покажа директен црвен.

Remote video URL

Германија: Бодо Илгнер; Томас Бетрхолд (73' Штефан Ројтер), Гидо Бухвалд, Клаус Аугенталер, Јирген Колер, Андреас Бреме; Томас Хеслер, Андреас Бреме, Лотар Матеус (к); Руди Фелер, Јирген Клинсман. Селектор: Франц Бекенбауер.

Аргентина: Серхио Гојкочеа; Оскар Руџери (46' Педро Монсон), Хуан Симон, Хосе Серисуела; Роберто Сенсини, Педро Трољо, Нестор Лоренсо, Хорхе Буручага (53' Габриел Калдерон), Хосе Басуалдо; Диего Марадона (к), Густаво Десоти. Селектор: Карлос Билардо.

Триумфот во Рим за Западна Германија значеше трета титула светски шампион по оние две од 1954 и 1974 година. Аргентина по вторпат ја осети горчината на поразот во финале откако претходно тоа ѝ се случи во финалето од првиот Мундијал во 1930.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе