Врховниот суд на Шпанија се изјасни против помилување на каталонските сепаратисти

Врховниот суд на Шпанија денеска соопшти дека е против помилувањето на каталонските сепаратисти, кои се осудени за неуспешниот обид за независност од 2017 година, мерка што се разгледува од левичарската влада во земјата, јавуваат француските медиуми.

Судот во денешното соопштение порачува дека е „против давање каква било форма на помилување, целосно или делумно“ за 12-те каталонски сепаратисти прогласени за виновни за нивната улога во нелегалниот референдум и краткотрајното прогласување на независноста на Каталонија.

Врховниот суд во октомври 2019 година осуди 9 од нив – седуммина високо позицонирани политичари и двајца лидери на граѓанско движење – на затворска казна од 9 до 13 години, додека други тројца беа казнети со парична казна.

Судот соопшти дека го почитувал „принципот на пропорционалност“ при изрекувањето на пресудата и дека не видел „докази или знаци на каење“ од затворениците за да се оправда ваквото помилување.

Соопштението на Врховниот суд доаѓа во време кога владата на премиерот Педро Санчес се подготвува да ги помилува сепаратистите како начин за напредување во преговорите за каталонската сепаратистичка криза.

Коалициската малцинска влада на Санчес во шпанскиот Парламент делумно се потпира на поддршката на сепаратистичката партија РКЕ, во замена за разговори за каталонското прашање.

– Има време за казна и време за хармонија. Оваа влада ќе одлучи според тоа што го поттикнува соживотот меѓу Шпанците, рече Санчес пред парламентот, непосредно пред судот да го соопшти својот став.

Неговата изјава, меѓутоа, предизвика бесен одговор од десничарскиот опозициски лидер Пабло Касадо, кој кажа дека Санчес „отишол предалеку“ во обидот да ги помилува „оние што го прекршија законот и ја нарушија хармонијата и соживотот во Шпанија“.

Каталонија е доминантна тема во шпанската политика откако забранетиот референдум за независност во октомври 2017 година ја предизвика најтешката политичка криза во земјата во последните неколку децении.

Одлуката на Врховниот суд да им изрече остри казни на деветте сепаратистички водачи во 2019 година, предизвика бран масовни протести во Барселона и другите каталонски градови, кои понекогаш беа придружени со насилство.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе