Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце денеска е втор ден карантин, откако Владата за тоа донесе одлука на седницата во средата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Согласно одлуката на Владата во сите останати градови денеска и утре е забрането движење на сите граѓани по полицискиот час, кој почнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Поради празникот Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државата до понеделник до 5 часот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се огласи преку социјалните мрежи за да апелира да се почитуваат одлуките и мерките.

„Православните христијани утре празнуваат Задушница, а в недела го празнуваат слегувањето на Светиот Дух на Апостолите или помеѓу граѓаните познат како Духовден.

Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од COVID-19.

Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните.

Сите ние сме одговорни за своето, но и за колективното здравје. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристики на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас“, напиша Чулев.

Одлуката за повторно воведување забрана за движење е донесена согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот. Забрана за движење на териорија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, а аптеките работат непречено.

Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени остануваат да важат, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците е во веќе востановените термини во периодите 8 до 8:30, 15 до 15:30 и 20 до 20:30 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера повика граѓаните каде и да се наоѓаат да се придржуваат до мерките, односно носење заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со COVID-19 во земјава во изминатите денови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе