Втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани-Велес-Скопје поради излетување од шини

Втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани -Велес-Скопје и обратно како последица на излетувањето од шините вчера попладне околу 17:20 минути пред Овче Поле.

Возот попладнето сообраќал од Скопје преку Велес кон Штип и Кочани, но од засега непознати причини пред Овче Поле  од шините излетал единствениот вагон на возот, изјавија за МИА од раководниот тим на Железничката станица во Велес.

Тие информираат дека во возот имало само двајца патници, машиновозачот и кондуктерот, кои не се повредени.

Како што велат, денеска се вршел увид на местото на настанот од страна на стручни лица на  ЈП Македонски Железници –Инфраструктура.

Поради несреќата возот кој сообраќа двапати дневно,  наутро и напладне и  денеска не возеше на релацијата Кочани Велес-Скопје и обратно, а  ниту попладнево.

Од Железничката станица во Велес информираат дека  овој воз нема да сообраќа ниту утре сабајле од Кочани за Скопје, а кој во Велес според возниот ред пристигнува и поаѓа за Скопје  во 7:26 минути.

Оттаму најавуваат дека возот Скопје – Кочани  најверојатно ќе биде пуштен утре попладне во 15:20 минути од Скопје.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе