Втор трејлер за анимираната авантура „Over The Moon“
Одлучна и полна со страст за наука, едно девојче ќе направи вселенски брод за да докаже дека постои легендарната Божица на Месечината.
Секако, нејзината авантура не се одвива баш како што таа замислува.
„Over The Moon“ е во режија на оскаровецот Глен Кин, а продуценти се Џини Рим и Пејлин Чу.
Гласовите ги позајмуваат: Кети Анг, Филипа Со, Роберт Џ. Чиу, Кен Јеонг, Џон Чо, Рути Ен Мајлс, Маргарет Чо, Кимико Глен, Арт Батлер, Ајрин Цу, Клем Чеунг, Конрад Рикамора и Сандра О.