Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори во 1995 или 1999 година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија нема намера да нападне некого, ниту ја доживува Хрватска како непријател, но дека ќе продолжи да се вооружува за да спречи каква било можна агресија.

Вучиќ ова го изјави за ТВ Пинк, одговарајќи на прашање да ја коментира изјавата на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ, кој изјави дека Србија е опасна за Хрватска бидејќи произведува и купува екстремно големи количини оружје, бидејќи, според него, „никој не се наоружува без причина“.

„Ја почитуваме Хрватска, има исклучително силна армија. Сепак, во согласност со промената на доктрината на нашата армија, српската армија мора да биде посилна од значаен дел од нашите соседи заедно“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ќе продолжи да се вооружува за да не се повторат ситуациите од 1995 или 1999 година.

„Нема да нападнеме никого, но не сакаме никому повторно да му падне на памет да изврши агресија врз нашата земја“, рече Вучиќ.

Коментирајќи ја изјавата на Анушиќ дека Србите се „полугладни“, Вучиќ рече дека Србија расте побрзо од Хрватска и додаде дека Хрватите „биле пред нас со децении“.

Осврнувајќи се на ескалацијата на конфликтот меѓу Украина и Русија, Вучиќ оцени дека ситуацијата оди во лоша насока и дека се повеќе излегува од контрола.

„Секоја изјава, од која било страна, не е деескалаторна и се плашам дека ќе доведе до уште поголем конфликт, проблеми и она што сакавме да го избегнеме – конфликт од пошироки размери“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој посочи дека Србија мора да ја зајакне својата армија и да се подготви за можните предизвици.

Зборувајќи за засолништата во Србија кои треба да издржат нуклеарни и атомски напади, Вучиќ рече дека сегашните извештаи се поразителни и дека ќе треба интензивно да се работи на тоа поле.

„Со години не се инвестираше во овие засолништа бидејќи никој не помисли на оваа ситуација“, рече Вучиќ.

„Тоа е системска грешка која мора да ја исправиме“, заклучи српскиот претседател.

реклама

Јокиќ го постигна најлудиот кош во кариерата и направи подвиг на кој се чекаше од 1963

Read more

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Read more

Џеј Ло секси издание во кујна

Read more

Артан Груби и судијата Енвер Беџети нови лица на црната листа на САД

Read more

Регион

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Read more

Драматични сцени во Грција по силното невреме: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Read more

Солун конечно доби метро: Се градеше 18 години

Read more
 

Вести

Артан Груби и судијата Енвер Беџети нови лица на црната листа на САД

Читај повеќе

18-годишник прегазен во Штип: Возачот избегал, но полицијата го пронашла

Читај повеќе

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Читај повеќе

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Читај повеќе

Асад е во Москва, доби азил

Читај повеќе

Влада: Раст на БДП од 3% во третиот квартал, Македонија на врвот меѓу земјите од регионот и Европа

Читај повеќе

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Читај повеќе

СДСМ: Новогодишната кошничка е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ, зејтинот поскапе 7 денари, кашкавалот е речиси 500 ден за кг

Читај повеќе

Турците знаеја сè: Како ѕвездите се усогласија за бунтовниците да го соборат Асад?

Читај повеќе