Вучиќ: Од петок полициски час, ситуацијата во Белград е алармантна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата во Србија, а особено во Белград е алармантна, па затоа од овој викенд повторно ќе воведе полициски час.

„Денеска е најтешкиот ден од почетокот на епидемијата, имаме 13 починати и повеќе од 120 луѓе се на респиратори. Ситуацијата во Белград е алармантна. Сериозна е ситуацијата во уште 4 градови во Србија, но во Белград е најкритично“, изјави Вучиќ.

Полицискиот час за жителите на Белград ќе започне во петок во 18 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Тој изјави дека би сакал полицискиот час да важи за цела Србија, но за тоа ќе одлучат на состанокот на Кризниот штаб.

Вучиќ упати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките, да го чуваат здравствениот систем, а особено постарите и луѓето со прекумерна тежина.

Тој додаде дека во Србија дневно се тестираат околу 9.000 луѓе, а во овој момент имаат 376 слободни респиратори.

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе