Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Благодарни сме ако го отворат Кластерот 3, благодарни сме им дури и ако не го отворат, важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив, изјави за РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со немањето согласност од членките на ЕУ за отворање нови поглавја во преговорите со Србија.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ вчера не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3, а претседателот на Србија рече дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.

На вчерашната седница против беа Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.

„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знаем да го објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме. А за Хрватите сѐ ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели Вучиќ.

Исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на Кластерот 3, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.

„Им благодариме ако ни го отворат тој кластер три. Им благодариме дури и ако не го отворат. Воопшто нема проблем. Следната година ќе се стремиме да бидеме најбрзо растечка економија во цела Европа“, рече Вучиќ.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Регион

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Read more

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Read more

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Read more

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: Мислам дека би им одговарало и на двајцата

Read more
 

Вести

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Читај повеќе

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Читај повеќе

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Читај повеќе

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Читај повеќе

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Читај повеќе
  • play_arrow

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Читај повеќе