Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во днешното обраќање до јавноста, говорејќи за дијалогот со Приштина, изјави дека Белград сака разговорите да бидат суштински, а не формални, да се видат конкретни чекори и тие да ги решават проблемите.

– Приштина го посочи проблемот со реципроцитет, ние рековме, нема проблем, за пласманот на нашата стока, нека на пратките пишува „Србија“, не мора „Република Србија“. Но, тие тоа го одбија, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека Белград сака економска соработка, затоа што е важно да се почитуваат четирите клучни слободи: протокот на луѓе, стоки, услуги и капитал.

– Ние не зборуваме за суштински проблеми, српската страна се подготвува за дијалогот на 7 септември, кога ќе побарам исполнување на договорот од 2013 година, кој беше потпишан под покровителство на ЕУ, а тоа е формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Тој ја оцени како ужасната веста за усвојување на закон за заштита на вредностите на ОВК во Приштина, бидејќи тоа е воведување на вербален деликт, забрана за поинакво мислење и дополнително вознемирување на Србите.

Српскиот преседател потенцираше дека Србија нема да го напушти дијалогот.

– Ние сакаме вистински дијалог, а не само да ни кажуваат како треба да ги признаеме… Јас тоа го кажав на Палмер и на Гренел, го кажав тоа и пред Тачи, на сите. Јас ги разбирам, тоа е политика на нивните земји… Но, ајде да зборуваме за отворање на железнички линии, авиокомпании… некои очигледно не се заинтересирани за тоа, кажа Вучиќ.

Владиниот координатор на Приштина за дијалог со Белград, Скендер Хисени, во четвртокот изјави дека договорот меѓу двете страни за взаемно признавање на Косово и Србија ќе се постигне за 12 месеци или процесот на помирување ќе пропадне целосно.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе