Wartburg P100 - „комунистичка авангарда“ која никогаш не виде бел ден

Го паметиме Wartburg како неверојатно неугледен автомобил, напојуван од минијатурен двотактен мотор. Но, дали знаевте дека во 60-тите, Германците од погрешната страна на ѕидот имаа прилично смел (и убав!) концепт на автомобил со централно поставен мотор?

Автоиндустријата во поранешна Источна Гереманија имаше два модела кои кружеа и по нашите патишта: легендарниот Trabant изработен од рециклиран материјал што го надживеа комунизмот, и Wartburg, што беше избор на еднаквите во бескласното германско општество, и ова може да се припише на фактот дека е направен од вистински лим, па за разлика од Trabant, не се спалуваше лесно во спектакуларен пожар при судир.

Wartburg P100

Wartburg, како и Trabant, се напојуваше со двотактен трицилиндарец базиран на стариот DKW. Ова чудо на источногерманската технологија во своето ГДР издание 1956-1991 година имаше два дизајни: заоблен, во стилот на педесеттите години - моделот 311/312 кој се произведуваше до 1966 година и попознатиот „покоцкаст“ дизајн на моделот 353 кој се произведуваше до падот на Ѕидот. Двете верзии дојдоа во иста постава со редниот двотактен трицилиндарец со погон на предните тркала (сепак, вреди да се спомене дека во последните години на Wartburg откако браќата од Запад ја презедоа фабриката, двотактниот мотор беше заменет со 1,2-литарски бензинец од втора генерација на Polo).

Wartburg P-100

Токму поради сето горенаведено, прототипот P100, или моделот 314 како што требаше да се вика ако заживееше во сериско производство, фасцинира со својата иновативност и дизајн, бидејќи е голем чекор подалеку од никаквите кутии што вообичаено ги произведуваше Wartburg. Прототипот P100 доаѓаше со централно монтиран четирицилиндарски boxer мотор со погон на задните тркала. Поради овој дизајн, P100 има два багажника како Volkswagen Type 3, што е одлична работа за сопственикот на возилото, и збунувачко за полицајците и цариниците.

Wartburg 313-2

Имаше дури и купе верзија на проектот P100 наречена 313-2. Во суштина тоа е истиот автомобил со ист мотор во спортска варијанта кој неодоливо потсетува на Renault Caravelle. Според тешко достапните информации, направени се четири модели од кои најмалку два се уште во функција.

Renault Caravelle

Не е тешко да се заклучи зошто не заживеаја овие фантазии на источногерманските инженери - освен идеолошките причини и недовербата на комунистите кон приватните автомобили, има неколку технички проблеми: проблеми со ладење, бучава во кабината и достапност на моторот. Ладењето е особено голем проблем бидејќи се чини дека ниту еден прототип нема отвори за воздух. Токму поради оваа причина сè уште немаме автомобили со таков дизајн, освен евентуално Tesla Model S - доколку електричните мотори на Tesla лоцирани на задната оска можат да се класифицираат како централно поставен мотор.

Wartburh 313-2

Конечно, прототипите P100 покажуваат дека дури и во многу ограничена индустрија во затворена земја, во некои подалечни времиња се размислувало прогресивно, иако проектите не виделе бел ден во сериско производство.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе