Како да напуштите фамилијарна група WhatsApp без да мора да им објаснувате на вашите роднини дека не сте се одродиле?
„Дури и не се поколебав. Од првиот нагон до извршувањето на ужасното дело, времето е како ноќна мора или одвратен сон - духот и орудијата на смртта се тогаш, во поголема мера и во човечка душа, како во некое мало царство. Потоа настанува состојба на бунт“, рече Брут во драмата на Шекспир додека се подготвува да го убие Цезар. Времето, кое е како кошмар или одвратен сон, е вашето двоумење. Состојбата на бунт се гласовите кои се обидуваат да ве одвратат од она што сте го замислиле. Страшна работа? Работа што мора да се направи. Мора! Дојде часот - го напуштате групниот разговор.
Сите некогаш сме се наошле во оваа непријатна ситуација. Самиот чин на напуштање на групата може да изгледа многу драматично. Прво сите добиваат известување, потоа има пораки од луѓе кои ве прашуваат за причините за таквата одлука и на крајот поминувате часови на телефон, оправдувајќи се - вистински кошмар, а сѐ што сакавте беше да престанете да добивате слики за добро утро и светските вистини за шупливата земја.
Како што пренесува WaBetaInfo, WhatsApp конечно работи на тоа да го направи напуштањето на групите помалку непријатно. За повлекување на членовите во иднина ќе бидат известени само администраторите, а не сите членови.
Откако беше потврдено дека групите ќе се прошират на 512 членови, со воведување реакции на пораки и испраќање поголеми датотеки, се чини дека дискрецијата ќе биде следната цел на WhatsApp.
Последната слика од екранот ни дава увид во тоа како ќе изгледа процесот. „Само вие и администраторите на групата ќе бидете известени за вашето напуштање на групата“, се вели во предупредувањето. Иако скриншот е направен од десктоп бета апликацијата, не се сомневаме дека новата функција ќе се најде и на уредите со Android и iOS.
Сѐ уште не се знае кога тоа ќе се случи, но искрено се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро.