Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Wise.Blue е сеопфатно решение за огласување на Твитер, кое нуди резултати во поширок обем, избрано од најголемите меѓународни performance огласувачи (огласувачи ценети по учинок). Дизајнирана од Httpool, оваа платформа користи машинско учење и алгоритми за предвидување за управување сложени кампањи и испорака на клучни показатели за успех (KPI) во поширок обем.

URL

Сега, како дел од програмата за официјални партнери на Твитер, програма која им дава признание на компании што нудат извонредни решенија за маркетинг со докажани резултати за успех на клиентите, Wise.Blue им дава дополнителна вредност на performance огласувачите, нудејќи резултати во поширок обем.

Можност за искористување на потенцијалот на огласување на Твитер за performance огласувачи

Некои од најискусните тимови за изведба и експерти за машинско учење си поставија амбициозна цел - да создадат можност за користење на целиот потенцијал на платформата за огласување на Твитер за performance огласувачите. Преку анализи и алгоритми за предвидување, создадовме низа карактеристики скроени за таа намена и го дизајниравме Wise.Blue за да станеме врвно решение за performance огласувачи.

„Твитер е една од најзначајните платформа со висококвалитетна публика која нуди неверојатни можности за најуспешните брендови и бизниси од целиот свет.“, објасни Мариус Ивановас, идејниот автор на Wise.Blue. „Тука настапува Wise.Blue! Ги идентификувавме клучните барања на најголемите performance огласувачи и развивме единствена технологија за напредните корисници да ги постигнат своите клучни показатели за успех на Твитер во поширок обем“.

Решението Wise.Blue API е засновано на обемно искуство, досегашни успеси и разбирање на потребите на performance огласувачите. Развиено е од Httpool, корпоративна компанија на IMS и партнер за продажба на Твитер во повеќе од 25 земји во Европа и Азија, Wise.Blue претставува иновација во најсуштинската смисла. Работејќи со безброј кампањи на Твитер и големи меѓународни performance клиенти, тимот воочи можности за максимално искористување на платформата на Твитер, поедноставувајќи го управувањето со сложените поставувања, а истовремено значително подобрувајќи ги резултатите.

Сеопфатна алатка за напредни корисници низ целиот свет

Повеќеаспектната природа на Wise.Blue е преточена во голем број производи и карактеристики кои претставуваат револуционерна алатка за сите performance огласувачи. На сеопфатното управување со дигиталната стратегија се додава алатка за длабинска аналитика, креативно студио и патентирана автоматизација за машинско учење.

„Овој проект, што го создадовме со сопствени ресурси, се разви во водечка глобална алатка. Постанувањето официјален партнер на Твитер е важно признание за Wise.Blue, и ни претставува задоволство што придонесуваме за екосистемот и додаваме вредност на некои од најсофистицираните performance огласувачи низ целиот свет “. рече Аљоша Јенко, извршен директор на Httpool.

Решението Wise.Blue се состои од технологија и услуги за управување со мрежа обезбедени по потреба, кои ги извршуваат меѓународни тимови на специјалисти за performance на Твитер. Како резултат, големите глобални огласувачи на Wise.Blue обично ги надминуваат своите клучни показатели за успех и креираат нови, претходно несогледани можности.

„Решивме да го довериме целокупното управување со кампањата на Твитер на тимот Wise.Blue и се воодушевивме од резултатите и професионалниот пристап. Тимот извонредно ја исполни задачата. Тие се многу агилни, транспарентни, имаат многу знаење и подготвени се да помогнат кога е потребно“. рече Камерон Ро, Директор за дигитален маркетинг на Change, една од водечките апликации за криптовалути.

Деивид Пранчас, менаџер за аквизиција на корисници во NordVPN се заблагодари на тимот на Wise.Blue за успешната соработка, истакнувајќи дека „знаењето што го комбинирате со практична поддршка е клучот за успешни performance кампањи. Задоволство е да се работи со таква група експерти“.

Решени континуирано да иновираме

Wise.Blue е решена постојано да иновира и да ги дефинира трендовите за performance рекламирање на Твитер.

„Ова е само почетокот на едно неверојатно патување. Постојано ја ажурираме и надградуваме Wise.Blue со нови функции наменети за дополнителна поддршка на напредните корисници на Твитер“, рече Артурс Лукашевиќ, директор на Wise.Blue. „Следните нови елементи на Wise.Blue вклучуваат дел за различни видови публика и специјална алатка за ремаркетинг.“

За Wise.Blue

Wise.Blue е сеопфатно решение за огласување на Твитер, кое нуди резултати во поширок обем. Неговата технологија е заснована на алгоритми водени од машинско учење за оптимизација на кампањи, рекламни групи и креатори на огласи, додека моделите за предвидување на длабинско учење се двигателите за распределба на буџет и понуди, контрола на количините, ефикасност, таргетирање клучни показатели за успех и лимити за трошење. Покрај тоа, Wise.Blue вклучува напредни алатки за аналитика и подобрена табла за управување со кампањи. Клиентите на Wise.Blue имаат пристап до практична поддршка по барање во секое време, обезбедена од најнапредниот performance тим за Твитер во светот.

Повеќе инфо на: https://partners.twitter.com/en/partners/wiseblue

За Httpool

Httpool, корпоративна компанија на IMS, ги претставува водечките платформи за дигитални медиуми во Европа и Азија. Го поддржува нивниот раст и ги поттикнува деловните резултати за традиционални и кохерентни (native) огласувачи на 30 пазари. Заедно со IMS, таа е најголемиот глобален партнер за продажба на Твитер, кој опфаќа 40 пазари на три континенти. Врз основа на иновативен пакет решенија за технологија и перформанси, искусни вертикални тимови и обемно познавање на пазарот, Httpool им овозможува на огласувачите да се поврзат со својата публика на најефикасни и најделотворни начини, доследно максимизирајќи го нивниот поврат на инвестиции. Водечките медиумски платформи, меѓу кои се Твитер, Фејсбук, Spotify, LinkedIn, Snapchat, Tik Tok, Warner Music, Outbrain, Quora и Brainly го назначија Httpool за свој ексклузивен партнер за продажба на огласи на избрани европски и азиски пазари. Седиштето на Httpool е во Обединетото Кралство, а има канцеларии во Австрија, Швајцарија, Русија, Индија, Хонгконг, Полска, Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Малезија и Бангладеш. Заедно, IMS и Httpool ексклузивно претставуваат над 20 медиумски платформи во повеќе од 45 земји во светот.

www.httpool.com, www.imscorporate.com

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе