World Atlas ја објави листата на најубави мали градови во Европа

Веб-страницата World Atlas објави листа на најубавите мали градови во Европа, а на неа свое место најдоа два града од регионот - Котор и Блед.

World Atlas истакнува дека малите градови во Европа се „бескрајно и неверојатно убави“, а на списокот кој вклучува 11 од нив, се наоѓаат два од земјите на поранешна Југославија - Котор во Црна Гора и Блед во Словенија.

Поради бројноста и неизмерната убавина на ваквите локации, нагласуваат дека на листата не може да се најдат сите и дека може да се избираат според различни теми или региони.

„Често, магијата на едно место се сведува на асоцијација, без разлика дали од лично искуство, семејни приказни, филм или можеби дури и фотографија што ќе ја најдете на позадината на вашиот компјутер“, се наведува на страницата.

Земајќи го предвид сето горенаведено, тие претставија список на избрани мали градови чија убавина тешко може да се оспори.

Котор (Црна Гора)

„Оградениот Стар град Котор ви скока од фотографиите директно во вашето срце. Многу е подобар во живо, бидејќи можете да шетате низ лавиринтските калдрмани улици во историската тврдина со различни културни влијанија. Во центарот на градот има континуиран микс на античка архитектура и модерни погодности“, велат за Котор.

„Во секој случај, одете по скалите до многуте гледни точки кои нудат поглед на Бокоторскиот Залив и околните сиви планини. Сепак, забавата не запира надвор од ѕидовите. Црна Гора често се занемарува во корист на локациите во Хрватска каде што се снимаше 'Game of Thrones', но причина повеќе наместо нив да се посети Котор“, забележуваат од World Atlas.

Блед (Словенија)

За езерото Блед велат дека привлекува погледи и посетители „од секаде“.

„Слатководното езеро, околната патека и централното островче со една одлучна црква создаваат мирен попладневен амбиент. Веднаш зад езерото се наоѓа замокот Блед од XII век, кој мистериозно гледа долу на ридот“, истакнуваат за Блед.

На листата на најубавите мали градови во Европа се најдоа и:

Цермат (Швајцарија)

Каси (Франција)

Чески Крумлов (Чешка)

Едам (Холандија)

Дингл (Ирска)

Порт Ајзак (Англија)

Таормина (Италија)

Чегет (Русија)

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе