Xbox повеќе нема да бара нон-стоп интернет конекција при играњето

Microsoft конечно го менува непопуларното правило старо цела деценија.

Редовна жалба на списокот на сопственици на конзоли на Microsoft од 2013 година е сеприсутната Digital Rights Management технологија.

За неупатените, тоа подразбира константно присуство на Xbox конзолите (во овој случај) на интернет, за да се осигура дека примерокот од игрицата е оригинален.

Додека за multiplayer или оние игрици кои корисникот ги инсталирал преку разните претплатнички сервиси го сметаме за прифатливо, апсолутно е неприфатливо во случај на single-player игрица за која е платена скапа цена. Освен што е оправдано иритантно да немате целосна контрола врз сопствениот имот, Denuvo (DRM за компјутер) некогаш беше толку наметлив што ја успоруваше „Shadow Of The Tomb Raider“, да речеме меѓу сите други негативни аспекти на оваа приказна.

Идн Мари, главната инженерка на Xbox конзолите, тоест на Xbox тимот, потврди на Twitter дека кај нивните конзоли овој антипиратски стисок веќе некое време како попушта. Додека насловите на Xbox One дисковите уште од јунскиот 2206 апдејт не беа проверувани од страна на DRM, новиот апдејт ја спушта топката и за single-player игриците кај Xbox S/X конзолите.

URL

Тоа и понатаму нема да важи за Xbox Game Pass каде присуството на интернет е задолжително, но барем оние кои платиле полна цена за поедини игрици, по онаа иницијална потврда од серверот за време на инсталирањето и првото вклучување, со мирна душа ќе можат да ја понесат конзолата на пат, без да се грижат за квалитетот на сигналот.

Ако нешто е сигурно, тоа е дека играњето без интернет ќе им годи на сите.

Тагови
реклама

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе