Xiaomi го најави новиот модел Mi 10T Pro за европскиот пазар

Компанијата Xiaomi се подготвува да претстави нов смартфон кој ќе биде достапен и на европскиот пазар.

Се работи за моделот Mi 10T Pro со главна камера од 108 MP, батерија од 5.000 mAh и екран со фреквенција на освежување од 144 Hz.

Фотографијата која настана во продавницата на Xiaomi открива дека Mi 10T Pro ќе чини 699 евра. Исто така, на фотографијата се гледа дека ќе го користи новиот Qualcomm Snapdragon 865 процесор.

Според досегашниот извештај, овој уред се очекува до крајот на септември, а најверојатно ќе има 6,67-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2.340х1080 пиксели, 8 GB RAM и 128/256 GB интерна меморија, главна камера од 108 MP, телефото од 8 и ултраширока од 20 MP. Селфи камерата ќе има 20 MP.

Ќе има можност за снимање во 8К и 4К.

Смартфонот ќе користи Android, ќе поддржува 50W брзо полнење, како и 30W брзо полнење.

Уредот ќе поддржува и 5G мрежа.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе