Xiaomi претстави уште еден смартфон, а се работи за модел на преклоп кој е наречен Mi Mix Fold.
Mi Mix Fold се отвора како Huawei Mate X2 и Samsung Galaxy Z Fold 2, а она по што се разликува од другите модели е тоа што една од задните камери има течни леќи.
Смартфонот доби 8,01-инчен екран со резолуција 2.480х1.860 пиксели кој поддржува Dolby Vision, HDR10+ и максимална светлина од 600н.
Корисникот може да го користи и помалиот 6,51-инчен AMOLED екран со резолуција од 2.520х840 пиксели со Dolby Vision поддршка. Во горниот агол се наоѓа селфи камерата од 20 MP.
Модулот за камери е сличен на оние кои ги имаат Mi 10 Ultra и Mi 10S, a во него се наоѓаат 3 камери, главната Samsung ISOCELL HM2 со 108 MP, ултрашироката од 13 MP и „бионичка“ камера од 8 MP.
За да го унапреди квалитетот на сите камери, Xiaomi разви сопствен процесор под назив Surge C1 кој нуди брз автофокус, автоматски баланс за бела боја.
Го движи Qualcomm Snapdragon 888 5G процесор, има до 16 GB RAM и до 512 GB интерна меморија, а го напојува батерија од 5.020 mAh.
Продажбата почнува на 16 април, а моделот со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе чини околу 1.520 долари.