Компанијата Xiaomi подготвува нов смартфон кој ќе има главна камера од 144 мегапиксели.
Се верува дека се работи за моделот Mi 10S Pro или Mi CC10 Pro кој ќе добие камера од 144 MP, но засега нема нови официјални информации. Сепак, Xiaomi е познат како еден од водечките технолошки гиганти кои произведуваат камери со голем број на мегапиксели.
Mi 10 Pro и Mi CC9 Pro имаат камера од 108 MP. Меѓутоа, не секогаш бројот на мегапиксели е доволен за добри фотографии, а доказ за тоа се смартфоните на Apple и Google.
Xiaomi Mi Note 10 беше прв смартфон со камера од 108 MP, а се појави во ноември минатата година.
Засега нема информации кога ќе се појави новиот смартфон на Xiaomi.
Од компанијата неодамна ја претставија новата серија Мi 10, воедно и Mi 10 Lite 5G - најевтиниот смартфон кој поддржува 5G мрежа.