Xiaomi претстави три модели на мобилни од серијата Redmi Note 11

Xiaomi официјално претстави три модели од серијата Redmi Note 11 во Кина, имено Redmi Note 11T Pro, Redmi Note 11T Pro+ и Redmi Note 11 SE.

Redmi Note 11T Pro и Pro+ ги делат истите основни спецификации и изглед, со дисплеј со променлива стапка на освежување од 6,6 инчи, процесори MediaTek Dimensity 8100 и главна камера од 64 MP. Pro+ поддржува побрзо полнење од 120 W и помала батерија од 4.400 mAh, како и до 512 GB внатрешна меморија. Од друга страна, Redmi Note 11 SE е опција од средна класа која има екран со брзина на освежување од 90 Hz и процесор Dimensity 700.

Redmi Note 11T Pro и Pro+

И двата модела 11T Pro имаат 6,6-инчни IPS LCD панели со FHD+ резолуција (2.460 x 1.080 пиксели) со променлива стапка на освежување на екранот од 144 Hz, што може да се намали на 30 Hz за да се заштеди батерија.

Селфи камерата од 16 MP се наоѓа во централно позиционираниот перфориран исечок на екранот, додека назад е главната камера од 64 MP, односно ISOCELL GW1 сензорот на Samsung, ултра-широката камера од 8 MP и макро камерата од 2 MP.

Моделите Note 11T Pro се напојуваат со процесор MediaTek Dimensity 8100 поврзан со 8 GB LPDDR5 RAM и 256 или 512 GB UFS 3.1 меморија. И двата модела користат Android 12 со интерфејс MIUI 13.

Главната разлика помеѓу овие два уреда е капацитетот на батеријата и брзината на полнење. Note 11T Pro се напојува со поголема батерија со две ќелии од 5.080 mAh која поддржува полнење од 67 W, додека Pro+ доби двојна батерија од 4.400 mAh со поддршка за брзо полнење од 120 W.

Xiaomi ветува дека Pro+ батеријата ќе се полни од 0 до 100% капацитет за 19 минути, а уредот има и Surge P1 чип на Xiaomi кој ја следи температурата на полнење. И двата модела се IP53 сертификат за отпор и доаѓаат со странично поставени сензори за отпечатоци.

Redmi Note 11T Pro е достапен во Atomic Silver, Time Blue и Midnight Black, а Xiaomi нуди и ограничен модел Astro Boy базиран на Note 11T Pro+ кој има изгравиран манга карактер на задниот панел.

Основниот модел на Redmi Note 11T Pro со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини 270 долари, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 330 долари.

Note 11T Pro + чини 315 долари со верзија со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, додека најдобриот модел со 8 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија чини 375 долари. Моделот Astro Boy доаѓа со 8 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија за 375 долари. Продажбата во Кина започнува на 31 мај.

Redmi Note 11 SE

Овој модел доби 6,5-инчен LCD FHD+ екран со стапка на освежување од 90 Hz. Назад е главната камера од 40 MP, а до неа е сензор за длабочина на поле од 2 MP. На предната страна има селфи камера од 8 MP. Уредот работи со процесорот DImensity 700 на MediaTek, поврзан со 4 или 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Го користи оперативниот систем Android 11 со интерфејс MIUI 12 и се напојува од батерија од 5.000 mAh која поддржува полнење од 18 W.

Redmi Note 11 SE доаѓа во Shadow Black и Space Blue бои. Основниот модел чини 165, а понапредниот 210 долари.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе