Компанијата Xiaomi подготвува смартфон кој ќе има камера од 200 MP.
Кога Samsung направи сензор со над 100 MP – Xiaomi го искористи прв, а сега ќе се случи истото и со новиот сензор од 200 MP.
Се претпоставува дека овој сензор ќе има пиксели со големина од 0,64 µm.
Новиот сензор би требало да има резолуција за снимање 16K видеа. Наскоро ќе бидат објавени подетални информации.