Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) синоќа донесе Одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 2 септември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,683%, кај дизелот за 1,869%, кај екстра лесното масло за 2,561% и кај мазутот има намалување за 3,570%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,6747%.
Од 0:01 часот ноќеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 78,50 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 69,50 (ден/л)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС – 44,780 (ден/кг)
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 намали за 2,00 денари/литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V), екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се променија.