За 24 часа примени 23 пациенти во КОВИД центрите во Скопје

Скопје, 2 јануари 2021 (МИА) -Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментот, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ седум болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

Вкупно 356 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 128 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе