За 30-годишнината PlayStation 5 добива теми инспирирани од секоја генерација на конзолата

Sony подготви изненадувачка доза на носталгија за гејмерите како дел од прославата на 30-годишнината од конзолата PlayStation и не е само ретро хардверот кој многу брзо се распродаде.

се работи за надградба на софтверот достапна од понеделник, која вклучува класичен почетен екран и теми инспирирани од секоја генерација на конзолата на Sony.

„Изберете ја вашата омилена генерација“, е пораката што им се прикажува на гејмерите пред менито за избор на теми поврзани со претходните четири генерации на PlayStation.

Откако ќе се преземе надградбата, ќе ви биде побарано да изберете една од темите кога прв пат ќе ја вклучите конзолата. Како што се очекуваше, темите ќе ги менуваат боите и звуците на менито за да одговараат на корисничкиот интерфејс на една од конзолите.

Темите може да се испробаат во новата ставка на PlayStation 30th Anniversary на горниот дел од менито за поставки на конзолата.

За жал, темите ќе бидат достапни само за ограничен временски период, но точниот рок не е наведен. Одлуката да не остане постојано присутна на некои им изгледа како пропуштена шанса.

Пред десет години, како дел од прославата на 20-годишнината на PlayStation, Sony направи нешто слично. Тогаш подготви тема со која овозможи конзолите PS4, PS3 и Vita да „изгледаат и звучат“ како PS1.

Тагови
реклама

Гејминг

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Read more

Лоши вести за гејмерите: Sony ја менува стратегијата за PC

Read more

Ubisoft потврди: Се прави римејк на Assassin's Creed: Black Flag

Read more

EA Sports FC користи вештачка интелигенција за коментари

Read more
 

Гик

Најстарата позната аудио снимка од кит би можела да ги открие океанските мистерии

Читај повеќе

Избришаните пораки на Google Messages повеќе нема да исчезнуваат засекогаш

Читај повеќе

Русија ќе ја враќа „советската вселенска слава“ со амбициозна мисија на Венера

Читај повеќе

Meta тестира линкови што може да се кликнат во описите на објавите на Instagram

Читај повеќе

Google „отклучи“ тајна функција: Вашиот Android телефон наскоро ќе биде значително побрз

Читај повеќе

Лаптопите можно е да поскапат и до 40% годинава

Читај повеќе

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Читај повеќе

Што имало во ковчегот што пред 127 години паднал „од небо“?

Читај повеќе

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе