Мобилни

За Huawei не постојат граници во светот на технологијата – како ќе изгледа новиот P40 Pro?

11. март 2020 - 9:49 | М.С.

Сè повеќе се зборува за карактеристиките на новиот „ѕвер“ на компанијата Huawei, а тоа е смартфонот P40, односно P40 Pro.

Компанијата Huawei не допушта откажувањето на Mobile World конгресот да ги смени нејзините планови за 2020 година.

И покрај околностите кои се појавија поради новиот корона вирус, кинескиот технолошки гигант напредува со плановите за својата најнова генерација на смартфони Huawei P40 и Huawei P40 Pro кои ќе бидат претставени во Париз на 26 март.

Како и серијата P30, премиум телефоните нема да го содржат пакетот услуги од Google(Google Play, Gmail, Google Maps) ниту ќе имаат пристап до Google Android оперативниот систем.

Huawei има план целосно да биде независен од Google. Според пишувањето на Reuters, Huawei се здружи со компаниите Xiaomi, Oppo и Vivo за да направи сервис кој ќе биде конкурентен на Google Play Store. Оваа иницијатива е позната под име Global Developer Service Alliance и ќе биде претставена овој месец.

Познатиот типувач на Twitter, Еван Блес на јавноста ѝ овозможи да види како ќе изгледа новиот Huawei P40 Pro

Блес откри дека P40 Pro ќе има керамичко куќиште, а стаклените предни и задни панели ќе бидат заоблени на рабовите.

P40 и P40 Pro ќе имаат подобри камери во однос на претходните модели. Моделот Pro ќе има пет камери: главната камера ќе има 64 MP, телефото камерата ќе има 12 MP со 10х oптичко зумирање, ултраширока камера, сензор за длабочина и макро камера.

Претставувањето на P серијата обично се случува на почетокот на годината(на пролет или во вторниот квартал), а и минатогодишниот модел P30 и P30 Pro исто така беа претставени во 26 март 2019 година.

Коментирај