За малку избегнат судир на патнички авион и НЛО

Застрашувачки извештај открива дека патнички авион Boeing 737 за секунди избегнал катастрофа откако при слетувањето во Лидс на патот му се нашол неидентификуван летечки објект.

Извештајот кој Британската служба за безбедност во воздушниот сообраќај го објави е за инцидент кој се случил на 1 септември годинава на Лидс Брадфорд аеродромот во Западен Јоркшир. Непознат светлечки облект дошол на само три метри од авионот кој веќе бил во фаза на слетување. Инцидентот е оценет како Категорија А, односно премногу опасен.

„Двајцатa пилоти одненадеш виделе силна светлина и објект коj се движел кон авионот, речиси директно праволиниски, малку на лево. Објектот се појавил без предупредување и немало време тие да реагираат“, стои во извештајот.

Авион во слетување нема речиси никаква можност за маневар при евентуален судир со било кој објект бидејќи секакво скршнување од веќе поставената патека на слетување може да резултира со уривање на авионот.

Полициски хеликоптер кој во летал во регионот известил дека забележал фенери, но во извештајот се наведува дека кога на пилотите им била посочена таа можност двајцата уверливо ја отфрлиле.

„Никој од пилотите не веруваат дека она кое го виделе било фенер. Дефинитивно постоел ризик од судир“, вели извештајот.

Инаку, под НЛО (неидентификуван летечки објект) не секогаш се подразбира вонземен објект, туку едноставно објект кој не е идентификуван.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе