УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

За некои сонот стана кошмар: Список на сите ѕвезди што ќе го пропуштат ЕУРО

Додека некои фудбалери ќе го пропуштат претстојното Европско првенство затоа што нивните репрезентации не се квалификуваа, има и такви чии соништа беа срушени поради повреди кои дојдоа во најлош можен момент. Ви ја претставуваме листата на најдобрите фудбалери кои поради повреди ќе го пропуштат ЕУРО 2024.

Европското првенство во Германија се ближи, а токму домаќинот со мечот против Шкотска во петок (21 ч.) ќе го отвори натпреварувањето на најдобрите на Стариот континент.

Сон на секој фудбалер е да игра со својата татковина на големо натпреварување и да се обиде да ѝ донесе вечна слава. Сепак, некои од нив нема да ги гледаме бидејќи не се пласираа, некои останаа без повик од селекторите, а некои поради повреди не патуваат во Германија.

Стотици милиони евра чинат ѕвездите кои не се ни квалификуваа, а тоа се Ерлинг Холанд, Дејан Кулушевски и Мартин Одегард. Според тоа, најскапите играчи кои не одат на ЕУРО најчесто доаѓаат од скандинавските селекции чиј единствен претставник на собирот ќе биде Данска.

Во овој текст ќе се задржиме на оние фудбалери кои поради повреди нема да настапат на ЕУРО. Некои големи репрезентации имаат сериозни проблеми со повредени играчи, а на прво место се Италија и Холандија, а потоа следат Шпанија, Англија и Франција со многу проблеми.

Холанѓаните се целосно уништени од повредите, па Европското првенство ќе го пропуштат Френки Де Јонг, Тен Коопмејнерс, Мартен де Роон, Свен Ботман, Јуриен Тимбер и Куилиндсхи Хартман.

Ништо подобра не е ситуацијата во таборот на бранителот на титулата европски првак, селекцијата на Италија. Кај „Аѕурите“ Европското првенство поради повреди го пропуштаат Доменико Берарди, Николо Ѕаниоло, Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини, а го нема и одличниот играч за врска Сандро Тонали по суспензијата поради недозволено обложување, бидејќи играчот на Њукасл сигурно би имал забележлива улога во тимот.

Французите поради повреди останаа без одличните Лукас Ернандес, Весли Фофана и Бубакар Камара, додека подолго време беа без Пол Погба кој беше суспендиран поради допинг и најверојатно нема да го видиме повеќе на теренот.

Шпанците се без Иско, Гави и Јереми Пино, додека Англичаните поради повреди се без Хари Мегваер, Бен Чилвел и Тајрон Мингс. Го нема ниту Рис Џејмс, кој по тешките повреди не може да фати континуитет во играњето.

Од поголемите репрезентации најмалку мака имаат Германија и Португалија бидејќи останаа без само еден сигурен патник на ЕУРО, а тоа е Серж Гнабри за Германците и Отавиу за Португалците.

Иако не е меѓу фаворитите за втората фаза од натпреварувањето, селекцијата на Шкотска би била двојно посилна доколку би го имала комплетниот тим. Ѝ недостигаат многу важни фудбалери, како Луис Фергусон, Арон Хики, Бен Доак и Линдон Дајкс кои ќе го пропуштат континенталниот собир.

Некои од репрезентациите останаа без само еден фудбалер, но исклучително важен, како Дејвид Алаба (Австрија), Чаглар Сојунџу (Турција), недоволно подготвениот Тибо Куртоа (Белгија), како и Михал Садилек од Чешка кој на бизарен начин се повреди возејќи велосипед, па неговите соиграчи му ја посветија тимската фотка пред пријателскиот меч со Македонија во понеделникот, сликајќи се со негов дрес.

Ова е списокот на сите фудбалери кои поради повреди отпаднаа од списоците за ЕУРО:

Германија:

  • Серж Гнабри

Шкотска:

  • Луис Фергусон
  • Арон Хики
  • Линдон Дајкс
  • Бен Доак

Шпанија:

  • Јереми Пино
  • Гави
  • Иско

Италија:

  • Доменико Берарди
  • Николо Ѕаниоло
  • Франческо Ачерби
  • Џорџо Скалвини
  • Дестини Удоги
  • Сандро Тонали (суспензија)

Англија:

  • Тајрон Мингс
  • Бен Чилвел
  • Хари Мегваер
  • Рис Џејмс (недоволно фит)

Франција:

  • Лукас Ернандес
  • Весли Фофана
  • Бубакар Камара
  • Пол Погба (суспензија)

Холандија:

  • Френки де Јонг
  • Тен Коопмејнерс
  • Мартин де Роон
  • Свен Ботман
  • Куилиндсхи Хартман
  • Јуриен Тимбер

Австрија:

  • Дејвид Алаба

Белгија:

  • Тибо Куртоа (недоволно фит)

Португалија:

  • Отавиу

Турција:

  • Каглар Сојунџу
  • Енес Унал
  • Озан Кабак

Чешка:

  • Михал Садилек

Полска:

  • Оливиер Зих
  • Аркадиуш Милик
Тагови
реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Фудбал

ВАР офсајд на венецуелски начин

Read more

Бордо исфрлен во третата лига

Read more

Играчите на киевски Динамо вечерва поради Русија нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Read more

УЕФА исфрли украински клуб од Европа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ВАР офсајд на венецуелски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку се удобни картонските кревети во Париз? Австралиските тенисерки први ги испробаа

Читај повеќе

Бордо исфрлен во третата лига

Читај повеќе

Снуп Дог ќе го носи факелот на отворањето на Олимписките игри

Читај повеќе

Играчите на киевски Динамо вечерва поради Русија нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Читај повеќе

УЕФА исфрли украински клуб од Европа

Читај повеќе

Енди Мареј најави крај на кариерата

Читај повеќе

Меси уште не е подготвен, го пропушта Ол-стар натпреварот

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменален финиш на Леброн за победа на САД против светските шампиони

Читај повеќе