Вести

За новото „чудо од телевизор“ на Samsung ќе ви треба цел ѕид

9. јануари 2020 - 13:32 | А.С.

Поимот домашно кино буквално зазема нови димензии со моделот The Wall, чудото од телевизор на Samsung за кој ќе треба да издвоите мало богатство.

Телевизорите што повеќето од нас ги имаме дома одамна не се кутии со средна големина. Заоблените и рамните екрани нудат слика со висока резолуција. Сепак, има само еден без конкуренција – телевизорот The Wall што го произведе Samsung.

За него ќе ви биде потребен цел ѕид бидејќи е со големина од 292 инчи (741 сантиметар) – факт што ги одушеви подеднакво и филмофилите и гејмерите.

Ова чудо на Samsung го овозможува микро LED технологијата составена од мали LED коцки кои заедно сочинуваат еден огромен екран.

„8K резолуцијата има потенцијал да ја трансформира нашата индустрија. Екраните што надминуваат 75 пиксели се сегмент од нашиот пазар што најбрзо се развива, а тоа е сегментот каде токму оваа 8K резолуција е од најголемо значење. Линијата 8K производи што ја подготвивме за 2020 година ја покажува моќта на овој потенцијал“, стои во соопштението на американското претставништво на Samsung Electronics.

Ако сте заинтересирани за овој џиновски телевизор, подгответе се за цената – ова задоволство ќе ве чини најмалку 117.000 евра.

Коментирај