За Петков е прифатливо поместување, но не и тргање на ветото

Патот на Република Северна Македонија кон Европа е во интерес и на Бугарија, но не пред таму да се гарантираат правата на Бугарите, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

Тој во интервјуто за бугарската телевизија Нова негираше дека е договорено до јуни тргање на ветото на Бугарија. Според него, ништо нема да се направи без гласање во Парламентот и широка јавна расправа.

– Доколку правата на Бугарите со промената на Уставот се гарантирани од ЕУ, со други зборови промената треба да биде дел од пакетот мерки вклучени во Договорот за Република Северна Македонија и нивна должност е да го сменат Уставот на патот кон Европа, тоа е веќе еден чекор напред, рече премиерот.

Тој смета дека ветото треба да се помести, а не да се укине.

– На Македонија ѝ го даваме патот кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамен и на тој начин ја користиме цела Европа за да го обезбедиме напредокот што го сакаме како Бугари, појасни премиерот.

Тој рече и дека првото поглавје за влез во ЕУ не може да се отвори без да се смени Уставот. Потоа додаде, веќе не мора да „го менуваат Уставот затоа што Бугарија сака, туку затоа што таков е нивниот договор со ЕУ, кој го дефинира патот на Македонија како земја членка“.

– Ние мораме да го побараме тоа, мора да го ставиме во договорот. Не треба да чекаме некој да ни ја заврши работата. Најглупавата работа што би ја направиле сега е да се сопнеме против бугарскиот интерес. Сега таму имаме нормална влада и таа е подготвена да ги преземе своите обврски преку европски договор, вели бугарскиот премиер Петков.

Бугарија веќе две години го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Едно од бугарските барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе