За што служат триаголниците исцртани во патничката кабина на авионите?

Ако подобро ја погледнете патничката кабина на авионот, можеби сте забележале дека на одредени места има нацртани триаголници. Дали сте се запрашале што тие значат?

Триаголниците можат да бидат црвени или црни по боја и секогаш се на исто ниво со крилата на авионот. Имено, доколку членовите на екипажот на авионот треба да ги проверат крилата, триаголниците им даваат до знаење дека најдобро можат да ги видат од тие точки.

Овој трик е особено корисен кога авионот треба да полета во текот на зимата за да се увери дека крилата се правилно одмрзнати, иако тоа прво го проверува екипажот на земјата.

Патничките седишта сместени под овие триаголници понекогаш се нарекуваат „седишта на Вилијам Шатнер“. Овој израз е преземен од една епизода на „The Twilight Zone“ во која Шатнер гледа гремлин на крилото на неговиот авион.

Ако сакате да направите совршена фотографија од небото и крилата, одберете го седиштето што се наоѓа под еден од овие триаголници, доколку компанијата со која летате ви дозволува да изберете откако ќе се качите во авионот.

Тагови
реклама

Живот

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Read more

Пет раси на кучиња кои се најтешки за дресирање

Read more

Дали вазелинот навистина ги „брише“ стриите?

Read more

Пет туристички атракции во Европа кои се целосно разочарување

Read more
 

Магазин

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе

Пет раси на кучиња кои се најтешки за дресирање

Читај повеќе

Зошто луѓето кои вежбаат се посреќни од оние кои немаат физичка активност?

Читај повеќе

Дали вазелинот навистина ги „брише“ стриите?

Читај повеќе