За викенд ревакцинација на македонските државјани во Србија

На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15.000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината AstraZeneca, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјави дека 13.000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.

Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и Северна Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија.

Во понеделник од здравствениот центар во Ниш наведоа дека од 18 до 21 јуни се очекува голема гужва, кога е терминот за повторна вакцинација на 5.700 македонски граѓани кои во март во Србија ја примија AstraZeneca, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Точниот број на вакцинитраните македонски граѓани во Србија, според тогашната изјава на министерот за здравство Златибор Лончар изнесува околу 15.000 лица.

Последниве денови се намалува вкупниот број на имунизирани лица на дневно ниво, како и бројот на граѓаните од Северна Македонија кои доаѓаат во Врање за вакцинација.

-Во четвртокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање дадени се вкупно 627 дози вакцини, соопштија од Здравствениот дом во Врање.

Кога станува збор за македонските граѓани, кои по отворањето на вакцинацијата без закажани термини, броеја 700 на ден, нивниот број во четвртокот падна на 289 за еден ден.

Во Врање до четврток, 17 јуни вкупно се дадени 58 691 доза вакцини против коронавирус соопштија од Градскиот штаб за вонредни состојби, од кои вакцинирани се 7 088 граѓани на Северна Македонија и 5 државјани на Босна и Херцеговина.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе