За влез во оваа земја не е потребен PCR тест, туку еколошка заклетва

Со цел да се запре уништувањето на животната средина, жителите на 13-тата најмала земја во светот одлучија дека секој што сака да влезе во оваа земја мора да даде заклетва.

Иако со кратка пауза, туризмот цвета низ целиот свет, и колку и да носи профит, во многу земји (особено во помалите) има сѐ поголема загриженост, бидејќи голем број посетители ја уништуваат еколошката рамнотежа во туристички атрактивните локации.

Палау, 13-тата најмала земја во светот, откри како да се справи со овој проблем.

Оваа земја има 20.000 жители и ја посетуваат просечно повеќе од 160.000 туристи годишно. Приливот на туристи се чувствува и на животната средина, така што локалната власт одлучи да воведе нешто во своето законодавство што може да го спречи ова.

Имено, секој патник што доаѓа во Палау добива заклетва во својот пасош, која мора да ја потпише пред да му биде дозволен влез во земјата.

Заклетвата гласи: „Деца на Палау, ја давам оваа заклетва како ваш гостин, дека ќе го чувам и заштитувам вашиот прекрасен и единствен островски дом. Се колнам дека ќе го третирам нежно и ќе истражувам совесно. Нема да земам ништо што не треба. Нема да му наштетам на она што не ми штети мене. Единствените отпечатоци што ќе ги оставам се оние што ќе ги измијат брановите“.

Така Палау стана првата земја во светот која воведе ваков вид заклетва во својот закон пред неколку години. Заклетвата се заснова на долгорочен напор да се запре прекумерното уништување и експлоатација на природните богатства.

Жителите се надеваат дека со положувањето на оваа заклетва, на патниците на островот ќе им биде полесно да разберат дека играат клучна улога во зачувувањето на островот за идните генерации, бидејќи повеќето од нив не се ни свесни за отпечатокот што го оставаат.

Иако иницијативата првенствено беше покрената за намалување на штетата предизвикана врз животната средина поради прекумерниот број туристи, ова го практикуваат и жителите. Имено, децата ќе започнат да учат за екологија и да ја зачуваат својата околина на училиште, а на возрасните исто така ќе им се обезбедат специјални програми за учење одговорно однесување кон околината.

Дека властите воопшто не се шегуваат со оваа заклетва, докажува и казната што туристите ја плаќаат за нејзино прекршување. А сумата е до милион долари.

реклама

Холивудски џентлмен - Кијану Ривс никогаш не ги допира жените со кои се фотографира

Read more

Адел: Сакам да му објаснам на син ми зошто му го уништив целиот живот за мојата среќа

Read more

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Read more

Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Read more

Чек дис аут

Фејл компилација на неделата

Read more

Фејл компилација со најсмешните незгоди ширум светот

Read more

Дали знаете зошто во супермаркетите нема прозорци?

Read more

Како шеќерот ни влијае на мозокот?

Read more
 

Магазин

Предлог за ручек: Пикантно пилешко со ориз

Читај повеќе

Студија: Млекото го намалува нивото на шеќерот во крвта

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

За одличен почеток на денот: Смути со какао и цимет

Читај повеќе

Фолна киселина во бременоста: Колку точно е потребно и дали има несакани ефекти?

Читај повеќе

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да слабеете без да броите калории?

Читај повеќе

Октомври е најдобар месец за секс: Кои се причините зошто вам не ви е дојдено до акција?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога ќе го замените утринското кафе со зелен чај?

Читај повеќе