НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ ИСТОК

Забава каква што можевме само да посакаме: Бостон славеше со чудесна тројка и продолженија

Бостон Селтикс победија со 133:128 против Индијана Пејсерс на стартот од финалето на Источната конференција.

Првиот дуел во серијата, кој се игра во четири добиени натпревари, му донесе предност на Бостон во битката за големото финале во НБА. Но, дуелот во „ТиДи Гарден“ донесе вистинска забава, возбудувања, грешки и одлични потези, а на крајот заврши по продолжение.

Дуелот беше драматичен од самиот почеток до крајот, а на крајот од регуларниот дел видовме вистинско лудило. Кошаркарите на Индијана по грешка на 10 секунди пред крајот ја подарија топката со водство од 117:114. Тоа го искористи Бостон.

Џејлен Браун постигна фантастична тројка за израмнување на натпреварот и го испрати во продолжение на помалку од 6 секунди до крајот на натпреварот.

Кога се играше продолжението, таму се појави вториот херој на Селтикс. Тоа е Џејсон Тејтум, кој постигна дури 10 поени во продолжението и му донесе победа на својот тим од 133:128.

Најефикасен беше Тејтум со 36 поени, додека Џру Холидеј постигна 28. Во победничкиот тим и Браун се истакна со 26 поени, додека кај гостите најефикасен беше Тајрис Халибртон со 25.

Серијата продолжува во ноќта од четврток кон петок во 2 часот по полноќ (Arena Premium 1), додека во финалето на Западот играат Далас Маверикс и Минесота Тимбервулвс, кои вечер во 2:30 по полноќ ќе го одиграат својот прв натпревар од серијата. Директен пренос ќе има на Arena Premium 1.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Кошарка

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Read more

Јончевски го објави списокот за натпреварите со Естонија и Полска

Read more

Кајри и Јанг ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Read more
 

Спорт

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе