Љубов и секс

Заблуди за сексот кои постојат во порно филмовите

19. ноември 2019 - 14:52 | Б.С.Б.

Сексот во порно филмовите воопшто не е прикажан реално, изобилува со нереални сцени кои сексот не го прикажуваат во вистинското светло. Поточно, преполни се со фантазии кои не важат во реалниот свет.

Претставуваме некои од најчестите лаги во порно филмовите:

1. Секоја жена доживува оргазам кога има секс

Нормално е да не доживеете оргазам во текот на секој сексуален однос. На крајот на краиштата, поентата на сексот не е само во оргазмот. Сексуалниот однос исто така е средство на зближување со партнерот во емотивна смисла, а не само во физичка.

2. Сексот мора да трае најмалку половина час

И сексот на брзина може да биде супер. Кога сте одморни и имате време сексот може да биде повеќечасовно уживање, но времетраењето не е важно додека и двајцата сте задоволни.

3. Жената секој пат пред сексот е совршено депилирана

Не дозволувајте ваквите ситници да бидат препрека за секс во реалниот живот бидејќи повеќето жени не се беспрекорно депилирани во секој момент. Често мислиме дека ќе бидеме помалку привлечни на партнерот, но всушност мажите не ги забележуваат тие работи.

4. Добриот секс е гласен

Премногу гласното викање не е знак за добар секс. Најчесто се работи за добра глума. Кога уживате во сексот тоа ќе му го покажете на партнерот, но немојте да мислите дека мора да бидете гласни и да го охрабрувате со стенкање секоја секунда. Правете го тоа природно, тогаш кога ќе осетите потреба за тоа.

5. Секој маж со кој ќе спиете ќе биде надарен

Кога би ја споредиле величината на пенисот на основа на порно филмовите, ќе испадне дека повеќето мажи се натпросечно надарени. Се разбира ова е само мит, исто како и претпоставката дека големината на пенисот е пресудна за добар секс. Жените добро знаат дека техниката е она по што се распознаваат добрите и лошите љубовници, а експертите тврдат дека поврзаноста со партнерот е поважен фактор од големината на пенисот.

6. И двајцата се постојано расположени за секс

Има многу причини поради кои понекогаш едноставно не ви е дојдено до секс и тоа е нормално и природно. Затоа, не се грижите ако еден од вас или двајцата не сте спремни за секс во секое време од денот.

Коментирај