Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег

Поради обилни врнежи од снег, од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни мкоторни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

реклама

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Read more

Земјата 2.0 излезе дека е мртов свет

Read more

Меси: Со сопругата постојано разговарам за враќање во Барселона

Read more

Кои хороскопски знаци ќе иницираат развод до крајот на 2025 година?

Read more

Македонија

Неработни денови во 2026 година: Многу продолжени викенди

Read more

Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави

Read more

Неколку улици во Скопје денеска без вода

Read more

Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Неработни денови во 2026 година: Многу продолжени викенди

Читај повеќе

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Читај повеќе

Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави

Читај повеќе

Неколку улици во Скопје денеска без вода

Читај повеќе

Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност

Читај повеќе
  • play_arrow

Загреб ги забрани усташките симболи, слогани и извици

Читај повеќе

Русија го блокира мобилниот интернет за граѓаните што се враќаат од странство

Читај повеќе

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Читај повеќе