Забранети места: 9 локации кои никогаш нема да ги посетите

Ова се мавзолеи и библиотеки каде веројатно никогаш нема да можете да ѕирнете, острови на кои нема да смеете да стапнете, но и необична норвешка „банка“ во која никогаш нема да дознаете што се чува.

Некои од најинтересните места во светот, кои сведочат за развојот на цивилизацијата и светот, се затворени.

Пристапот до некои од нив е забранет или ограничен на многу мал број луѓе, главно затоа што тие се многу опасни локации, каде што животот на посетителите е загрозен или се места со историско значење, кои се строго заштитени.

Проколнат остров

Ова мало острово помеѓу Венеција и Лидо се смета за едно од најпроколнатите места на светот. Напуштено е од 1968 година кога ја затвориле таношната психијатриска болница. Претходно служело и како карантин за болни од чума.

Област 51

Никој не смее да пристапува кон оваа област во Северна Невада, освен тајните служби и воениот персонал со посебна дозвола. Областа 51 е неформално име за далечинската база на американското воено воздухопловство „Едвард Ер Форс“. Долго време се веруваше дека тука се тестираат авиони и оружје, додека теоретичарите на заговор ја фаворизираат теоријата дека тоа е базата каде што американската Влада складира докази за вонземски живот, вклучувајќи докази за наводната несреќа со вонземјани во Розвел, Ново Мексико во 1947 година. Дури и воздушниот простор над оваа база е заштитен, каде е забрането прелетување.

Непристапен остров

Ова е едно од најоддалечените места на земјата, каде живеат пингвини, фоки и морски птици. Островот се наоѓа помеѓу Мадагаскар и Антарктик, и припаѓа на надворешната територија на Австралија. На 953 км² се распослани 41 глечер. Во 2000 година експертите од Универзитетот Хаваи забележаа проток на лава долг два километра, кој излезе од југозападната страна на планината Мосон. Мосон припаѓа на вулканот висок 837 метри што оттогаш е активен. Поради крајно неповолните временски услови, можете да пловите околу овој остров само две недели годишно и тој е најнедостапното место во светот.

Пештера на древна уметност

Овој пештерски комплекс е целосно затворен за јавноста од 2008 година, откако габите почнаа да се шират низ пештерите. Станува збор за пештери на чии ѕидови се зачувани најстарите слики од ерата на палеолитот, за која се верува дека започнала околу 2,5 милиони години пред Христа, додека пронајдените слики се стари околу 17.000 години и се со непроценлива цивилизациска вредност. Денес, пештерите се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Ватиканска архива

Длабоко под улиците на Ватикан се наоѓаат писмата на Микеланџело, писмата од кралицата Марија од Шкотска која чекаа егзекуција, како и барањето на кралот Хенри VIII за поништување на бракот. Постојат и други историски документи за Светата Столица, некои дури датираат од 8 век. Архивата е во сопственост на Папата, а се проценува дека повеќе од 35.000 документи се поставени на полиците што се протегаат на 83 километри. Во овие простории може да влезат многу мал и избран круг на луѓе кои подлежат на строги контроли пред да влезат - тоа се луѓе кои се грижат за архивата, внимателно избрани најдобри студенти од престижните светски факултети и научници од истражувачки институти.

Островот Сентинел

Овој остров е целосно опкружен со корални гребени, што го прави скоро невозможен пристапот до него. Но, коралните гребени не се единствената причина за тешкиот пристап. Во Сентинел живее мала автохтона заедница која никогаш не била во контакт со други луѓе и е една од последните заедници што немаат контакт со модерната цивилизација.

Гробницата на Чин Ши

Гробницата на првиот кинески император, Чин Ши Хуан, кој починал во 210 година п.н.е., се наоѓа длабоко во планините на Централна Кина. Комплексот на гробницата се состои од комплицирана мрежа на подземни пештери натоварени со предмети неопходни за задгробниот живот на императорот, вклучувајќи глинени репродукции на неговата војска, семејството, слугите, коњите и другиот персонал, познати како Армијата на Теракота. Од откривањето на гробницата, во март 1974 година, започнале ископувања и откриени се повеќе од 2.000 уникатни фигури, а се верува дека нивниот вкупен број е 8.000. Но, кинеската Влада веројатно никогаш нема да дозволи да се ископа целата гробница поради античките верувања и ритуали. Мал дел е отворен за туристи, додека главната гробница веројатно ќе остане затворена засекогаш.

Банка на семиња

Станува збор за голем, подземен трезор полн со семиња. Оваа „банка“ се наоѓа на норвешкиот остров Спитсберген, оддалечен околу илјада километри од Северниот Пол. Тоа е зграда со најсовремена опрема, во која се сместени околу 840.000 примероци од дури 4.000 рани видови семе што доаѓаат од целиот свет. Трезорот е изграден со намера да се зачува разновидноста на земјоделските култури во случај на глобална катастрофа или сличен феномен што би предизвикал исчезнување на разни култури од кои добиваме храна. Во случај на регионална или глобална катастрофа, овој најсовремен објект обезбедува рестартирање на глобалното производство на храна. Трезорот се наоѓа на 120 метри во внатрешноста на планината на островот Спитсберген. Само вработените и владините организации од целиот свет имаат пристап до банката, односно можат да пристапат само до семето што самите го оставиле на чување.

Змиски остров

Змискиот остров не се нарекува така без причина. Тоа е дом на една од најсмртоносните видови змии на светот - „златната змија“ чиј отров практично го раствора човечкото месо. Островот е оддалечен околу 32 километри од брегот на Саун Пауло. Се проценува дека на него има околу 4.000 златни змии. Луѓето воопшто не живеат тука, а на островот има само еден светилник, изграден во 19 век. Бразилската Влада строго забрани посета на островот со еден исклучок - научниците и биолозите кои проучуваат змии можат да доаѓаат на него на секои неколку години.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе