Задолжителна вакцинација на здравствените работници, одлучи Франција

Францускиот парламент денеска усвои закон за задолжителна вакцинација против COVID -19 за здравствените работници и за воведување на здравствена карта за широк спектар на социјални активности, додека Франција се бори со четвртиот бран на ширење на коронавирусот.

На посетителите кои одат во музеи, кина или базени во Франција веќе им е забранет влез освен ако немаат пропусница што укажува на тоа дека биле вакцинирани против КОВИД или неодамна направиле негативен тест. Пропусницата важи и за влез на големи фестивали и во клубови.

Од почетокот на август, ќе биде потребна пропусница за влез во ресторани и барови и за патување на подалечни дестинации со воз и авион.

Мерките содржани во законот треба да траат до 15 ноември, а последното зелено светло на Уставниот суд ќе биде потребно пред законот да стапи на сила.

Уште недоволно вакцинирани

Франција, како и многу други земји ширум Европа, се соочува со многу заразната делта варијанта, најпрво идентификувана во Индија, која се заканува да ја продолжи пандемијата.

На почетокот на јули, Франција бележеше околу 4.000 нови случаи на инфекција со коронавирус на ден, а минатата недела тој број достигна 22.000. Расте и бројот на хоспитализирани.

Властите ги зголемуваат напорите за олеснување на масовните вакцинации. До недела, 49,3 проценти од вкупно 67 милиони француско население примиле две дози - или една доза на вакцина - што сè уште е далеку од прагот за кој експертите велат дека во голема мера може да го запре пренесувањето на болеста или имунитетот на стадо.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе